10 непишани бон-тон правила на однесување во теретана

Пред да тргнете на вежбање во теретана прочитајте ги следниве правила на однесување кои применети од поголемиот број на вежбачи ќе овозможат пријатна атмосфера и одлични услови за вежбање во вашата теретана.

maxresdefault (1)

1.Прво и основно секогаш внимавајте на вашата лична хигиена (редовно туширајте се и користете дезодоранс) и вежбајте во чиста опрема.

2.Секогаш носете крпа со вас додека вежбате и откако ќе завршите со вежбање избришете ја опремата.

3.Секогаш враќајте ги теговите и тежините на свое место откако ќе завршите со вежбање на одредена вежба (честа појава е кај голем број од активните вежбачи да ставаат големи тежини на ножна преса, чучњеви, бенч и да направат 2-3 повторувања и потоа да се префрлат на некоја друга вежба без да ги вратат тежините на свое место.

4.Избегнувајте да ги оставате вашите крпи, шејќери и мобилни телефони на  машините и клупите за вежбање доколку не сте постојано во нивна близина. Исто така во никој случај не треба ги преместувате погоре спомнатите предмети без знаење на оној на кого припаѓаат.

5.Никогаш не давајте совети и мислења на некој вежбач за нивниот начин на вежбање (за ова се задолжени инструкторите и вработените во самите теретани) доколку тој тоа не го побара од вас.

Jessie Hilgenberg - female personal trainer - women fitness model

6.Доколку не користите некоја машина за вежбање не го зафаќајте просторот околу неа бидејќи така оставате впечаток дека машината за вежбање е зафатена.

7.Не пишувајте пораки или зборувајте гласно на телефон додека седите на некоја справа или клупа за вежбање.

8.Одберете погоден момент за поставување прашања, односно голем број од активните вежбачи во теретана со задоволство би ви покажале како се користи некоја справа или пак како се изведува некоја вежба правилно. Но, барем почекајте човекот до вас да си ја заврши вежбата пред да го нападнете со прашања.

9.Не правете вежби пред и веднаш до просторот со еднорачни тегови, просторот од каде се земаат еднорачните тегови секогаш треба да биде слободен за да може слободно да се земаат и оставаат еднорачните тегови.

10. Не го одбегнувајте тренингот за нозе.