10 зборови кои луѓето со слаба самодоверба најчесто ги користат

Сакате да оставите впечаток дека сте личност која има висока самодоверба? Тогаш немојте да ги користите овие зборови:

1.. Можеби

Кога многу често го користите овој збор, оставате впечаток како несериозна личност која или нема храброст или пак нема способност да заврши одредена работа.

 

2. Не би…

Овој збор имплицира на нешто што треба да биде или да се заврши во идно време. Со овој збор пренесувате негативни вибрации и недостиг на енергија и желба да превземете и промените нешто. Или прифатите или одбијте нешто. Користењето на „не би“ сугерира двоумење или недостиг на самодоверба.

 

3. Вообичаено

Користењето на овој збор значи дека ги немате сите факти или не знаете нешто, па се обидувате да се извадите од ситуацијата со користење на збор кој не означува ништо конкретно. Често користењето на зборот „вообичаено“ имплицира на заобиколување на вистината. На пример кога велите на вашиот клиент, дека „вообичаено“ ги проверувате вашите е-маилови секој ден“.

 

4. Се сомневам

Освен ако не сте инспектор или јавен обвинител, користењето на овој збор не ви помага да стекнете доверба помеѓу другите луѓе. Тоакај нив остава впечаток дека немате самодоверба и храброст.

 

5. Тоа е невозможно

Што мислите, дали овој збор го користат Мајк Зукенберг, Стив Џобс, или Мајкл Фелпс? Никако! Можеби велат, тешко или предизвикувачко, но никако невозможно. Обидете се барем еднаш пред да кажете „тоа е невозможно“.

 

6. Загрижен/а сум

Сите сме загрижени во одредени моменти во животот. Но ако постојано да го потенцирате тоа, ширите само негативна енергија кај другите и никој нема да го сака вашето друштво.

o-WORRIED-WOMAN-facebook

7. Збунет/а сум

Со тоа ќе предизвикате само уште поголема конфузија и немир кај соговорникот. Подобро ако веќе го користите овој збор, веднаш после тоа поставете конкретно прашање кое ќе ја разјасни и оправда вашата збунетост за одредена работа.

 

8. Ми треба

Сите ние имаме потреби во животот. Но да напишете некому е-маил каде 5 пати го користите зборот „ми треба“, тогаш во најмала рака делувате несериозно и личност која нема самодоверба. Не е штета ако вашите потреби ги изразите подиректно, отколку неколку пати да повторувате „ми треба“.

 

9. Во дилема сум

Договарате бизнис или разговарате со вашиот клиент. Овој збор кажува дека немате знаење, ниту пак сте сигурен во тоа што го работите. Иако можеби со пријатели, и не е толку страшно ако го користите, но во бизнис светот, овој збор ќе ве чини губење на клиенти. Секогаш бидете сигурни во она за што преговарате.

 

10. Најверојатно

И последниот збор е исто така многу поврзан со речникот во бизнис светот. Иако многу е тешко да се предвиди иднината, но да му кажете „најверојатно“ за одредена сериозна работа, на вашиот клиент или бизнис партнер, да не бидите изненадени ако бидете одбиени.