Ќе има ли илинденци на митингот на втори јуни?

Абре Дпмнеовци што ли тајминг одбравте за митинг на втори јуни во овој сензитивен период кога има поважни теми и работни задачи што треба заедно со власта да се изработат во државата, за подобро утре на граѓаните.

Туку вас не ви е до евроинтеграциите и подоброто утро за граѓаните, туку на втори  jуни да се преброите колку сте, и кои ве подржува и дали Мицковски како дебитант ќе го биде или не. Ако имате чуство на државност и одговорност треба да повикате на обединетост и сплотеност помеѓу граѓаните на Република Мкедонија од сите етнички заедници и да придонесете во носење на сите закони во врска со евроинтеграциите, па и решавањето на спорот со името.

Тоа се очекува од вас, а не бранење на криминалците во вашите редови, кои ја опљачкаа државата и и нанесоа штета на граѓаните, посебно на младите, оти им ги украдовте однапред парите за нивниот натамошен развој и затоа бегаат истите од државата.

Ако треба пак да се прогнозира што ли митинг ќе биде на втори јуни на ДПМНЕ, тоа ќе биде онаа српската “Тресла се гора, родио се миш”. Нема ништо да продонесете за развој на демократските процеси во државата и евроинтеграциите, туку митинг на ширење на национализам, навреди, омраза, измислени фрази веќе кажани и видени преку пресовите на ДПМНЕ. Главно со голо напаѓање на Заев, без аргументи.

Шефот на опозицијата Мицковски, ќе ги повтори сите оние зборови од дуелот со Заев, од неговите видео обраќања каде вели дека “Јас сум сериозен човек”, ама е и неодговорен и без нудење на решенија. Тоа ќе биде иста матрица веќе чуена овие години, без содржина и чуство за одговорност во овј сензитивен период за Република Македонија, кога се очекува решавање на спорот со името, напредок во евроинтеграциите и препораките од Прибе.

Ајде да видиме сега колку сте илинденци? Оти Заев е поголем илинденец од вас.

 

Бранко Шемов
Поранешен член на ЦО на СДСМ Кавадарци

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.