Ѓоковиќ го освои и Ролан Гарос: Трет тенисер во историјата со четирите Гренслем турнири!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се запиша во историјата на светскиот тенис издвојувајќи се како трет човек, а прв од 1969 година, кој ги освои сите четири најголеми турнири во низа.

Ѓоковиќ го освои и Ролан Гарос: Трет тенисер во историјата со четирите Гренслем турнири!

Ѓоковиќ конечно успеа да стигне до трофејот на Ролан Гарос, единствениот кој му недостасуваше во неговата извонредна кариера, откако славеше во финалната пресметка против Енди Мареј со 3-6,6-1,6-2,6-4.

Од друга страна, Енди Мареј во своето десетто Гренслем финале не успеа да дојде до третиот трофеј, по оние на УС Опен и на Вимблдон.

Новак Ѓоковиќ, единствено во првиот сет му дозволи на противникот нешто да поигра, а потоа се мина во негова доминација за сосема заслужен триумф. На тој начин стигна до 24-та победа во меѓусебните дуели со Мареј, од кои има и 10 порази.

Ова беше седми дуел на двајцата во ситуација да одлучуваат за титула, а Ѓоковиќ сега стигна до петтата победа. Сите четири претходно беа на Австралија опен.