Шкариќ за Фактор: Одлуката на Иванов ќе падне, таа е незаконска!

Професорот Светомир Шкариќ за порталот Фактор објаснува дека одлуката за аболиција е незаконска.

????????????????????????????????????

„Македонскиот  претседателот Ѓорѓе Иванов  се одлучил на мерката аболиција а не на  мерката помилување.  За да може некого да аболира мора да се потпре  на Законот за помилување од 1993 година кој му овозможуваше на шефот на државата по  исклучок без спроведена предходна постапка да ослободува  од гонење  одредени лица за сторени кривични дела. Но тој член од Законот е укинат со законот за помилување од 2009 година . Со други зборови овој вид на аболиција престана да важи. Таа норма стана мртва и не може никој да ја оживее освен Собранието со донесување на нов Закон.

Таму Собранието има нормативна  функција,  но не и Уставниот суд. Уставниот суд не може да ја врати  во живот избришаната норма. Тоа е работа на Собранието,  а таква норма Законодавниот дом не донела.

Според тоа,  македонскиот шеф на државата оваа аболиција ја прави надвор од законските норми .  По носењето на една ваква одлука,  претседателот Ѓорѓе Иванов  заслужува  импичмент бидејќи со ставањето  потпис  тој го крши законот.

Од гледиште на важечките норми од Законот за помилување од 1993 година, отварање на постапката за аболиција е можна само по службена должност од страна на министерот за правда. Без содејство на министерот за правда, претседателот  Ѓорѓе Иванов не може да врши никаква аболиција , вели  универзитетски професор   Светомир Шкариќ. Професорот по уставно право   е убеден и  дека Специјалното јавно обвинителство  нема да биде укинато.  СЈО ќе продолжи да работи затоа што постојат многу индиции за  сторени кривични дела“, смета некогашниот професор на  шефот на државата, Светомир  Шкариќ.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.