Фудбалско и навивачко шоу во Кавадарци

3 гола, 2 црвени картони, пет илјадна публика, навивачко шоу. Вака би го опишале овој дерби натпревар од Третата македонска лига југ, помеѓу Тиквеш од Кавадарци и Вардар од Неготино. Натпреварот заврши со победа на гостите од Неготино со резултат од 2:1.

13

И уште еднаш натпревар од Третата македонска лига собра повеќе публика од сите прволигашки натпревари заедно, иако денес се играше и дербито помеѓу Вардар од Скопје и Работнички.

На теренот во Кавадарци, силите ги судрија третолигашките екипи на Тиквеш од Кавадарци и Вардар од Неготино.

Она по што ова дерби ќе остане запаметено е огромната посетеност од преку 5.000 публика, што е вистинска реткост дури и за Првата Македонска Фудбалска Лига, а не па за натпревар од Третата македонска лига.

4

1

Атмосферата беше тензична уште од самиот почеток. Навивачките екипи и на двата тима, Лозари и Винари, беа присутни на трибините. Песни и скандирање се слушаше низ целиот натпревар. Френетично се бодреа своите миленици.

17

7

Но, и фудбалерите на теренот се бореа со целото срце. Прв поведе тимот на Вардар во 20-тата минута со одличен гол од слободен удар на фудбалерот Миле Чаушев. За десетина минути беше досуден пенал за Кавадарчани, кој беше неуспешно изведен од напаѓачот на Тиквеш, Симонов.

3

11

Пред крајот на првото полувреме Горан Стојановски од Тиквеш постигна прекрасен гол со ножици. Настана делириум на трибините. Атмосферата се распали уште толку. Песни и скандирање на двете страни. Лозари приредија вистинско пиротехничко шоу.

14

15

Но, уште на почетокот на второто полувреме, во 48-та минута, гол на Вардар, повторно на Чаушев и молк на едната страна, а лудило на другата. Полицијата мораше да ги смирува 400-те навивачи кои допатуваа од Неготино.

23

До крајот и двата тима имаа повеќе шанси, но мрежата остана недопрена. Некаде во средината на второто полувреме Тиквеш остана без 1 фудбалер кој беше исклучен поради неспортско однесување. Набрзо црвен картон доби и резервен фудбалер на Вардар поради дофрлање.

19

По завршувањето на натпреварот земавме изјава од голманот на Тиквеш, Александар Ангелков кој изјави:

„Прво им ја честитам победата на гостите, и мислам дека клучен фактор беше искуството, со оглед дека сеуште сме млада екипа за разлика од Вардар, кои долго време играат заедно. Но, во никој случај не бевме послаби, туку можеби изгоревме од желба да победиме. Јас лично се чувствувам директно виновен за првиот гол, каде можев и требаше да реагирам подобро. Но, и другите правеа грешки, како промашениот пенал и сл. Но, што е тука е. Од грешките се учи. 10ка за Лозари и сите останати кои беа на стадионот во огромен број да не подржат. Жал ми е што не ги израдувавме. Како и да е, не е се изгубено. Првенството е на почеток и мислам дека ќе се избориме за влез во Втората лига.“

Изјава од фудбалерите на Вардар не успеавме да земеме, бидејќи полицијата мораше да спроведе мирно заминување на навивачките групи од стадионот и моравме да го напуштиме теренот. Но, сепак можеше да се забележи дека Неготинци, заедно со својата публика, доста задоволни и расположени го напуштија стадионот на Тиквеш.

24

Како и да е, натпреварот понуди вистинско шоу. Многумина не критикуваа бидејќи во постот каде го најавивме овој натпревар, напишавме дека ова ќе биде најголемото фудбалско дерби во Македонија. Можеби поправилно беше да напишеме најривалско, бидејќи денеска се потврди и докажа дека еден третолигашки натпревар собра повеќе публика од цела Прва лига, па дури и со се дербито Вардар-Работнички.

18

16

5

На крај, ја пренесуваме главната порака на навивачите и публиката, кои имаа истакнато неколку пароли „САКАМЕ СТАДИОН“, и кои ја критикуваа локалната власт, која според нив воопшто нема слух за фудбалот и која оставила стадионот целосно да се распадне.

8

6

Кавадарци, денес со оваа публика, покажа дека заслужува стадион и подобар фудбал. Но, и двата тима, со борбеноста која ја прикажаа денеска, без сомнеж ќе бидат најсериозни кандидати за влез во Втората Лига догодина.

Секоја чест и за фудбалерите и за навивачите. Денеска во Кавадарци беше вистински спортски празник. Уживање за секој фудбалски фан.

Подоле споделуваме повеќе фотографии од денешниот натпревар, за подобро да ја почувствувате атмосферата.

10 2

25 22 12

9