(КОЛУМНА) Финансиска (не)писменост

Што очекуваме ние од нашите граѓани да разберат за тоа што навистина се случува во делот на економскиот развиток на нашата држава кога само 21% од населениот знае, разбира и умее да ги користи финансиските поими.

Моментално нашата држава се наоѓа на претпоследното место на Балканот по финасиската писменост. Незнам и се прашувам колку ли само за утеха може да биде и колку од тоа можеме да бидеме задоволни ако знаеме дека само Косово е позади нас.

Но мислам дека ни најмалку не треба да сме задоволни кога ќе дознаеме дека финансиската писменост е поголема кај жителите на Бутан, Боцвана, Хондурас, Бурунди и Гана.

glance-for-finance

 

Кога веќе финансиската (не)писменост во нашата држава е на толку ниско ниво, а медиумите се во рацете на власта, многу лесно може да се манипулира со населението за тоа како се полни буџетот и како се трошат парите на граѓаните.

Кога е направена анализата на рејтинг агенцијата Стандард и пурс, најразбирливи за анкетираните биле поимите инфлација, камата и заштеди, а мал број од нив го разбрале поимот диверсификација на ризик.

Кога веќе живееме во држава каде финансиската (не)писменост е на многу ниско ниво треба да се согледаат причините зошто е тоа така и да се превземат мерки за решавање на истите.

Многу е лесно да се манипулира со граѓаните на економски план во држава каде финансиската (не)писменост е на многу ниско ниво. Кога граѓаните би седнале да ги разгледаат финансиските поими кој, што и како значи, многу полесно би ги протолкувале работите што се случуваат на економски план и би се соочиле со реалната слика.

Кога веќе во нашата држава се соочуваме со медиуми кои постојано и ситематски ги “перат” мозоците на граѓаните, жално е тоа што се преставуваме како една од најразвиените економски држави, а само 21% од нашето население е финансиски писмено.

Потребни се чекори кон промена на состојбата! Потребна е акција! И јас како млад човек, решив да го дадам мојот удел кон таа промена. Решив дека нема само да седам мирно или да барам начин како да заминам од овде, туку активно ќе се борам да се промени свеста кај граѓаните на оваа земја. Зголемувањето на финансиската писменост е само еден дел од таа борба, но без дилеми многу важен дел.

Автор: Павле Богев

Мислењата искажани во колумните се лични ставови на авторите и не го претставуваат мислењето на Редакцијата на doznaj.com.mk