Уставниот суд пред конечна одлука

На денешната седница, Уставниот суд треба да донесе конечна одлука дали одложеното распуштање на Собранието е противуставно или не.

Минатата среда Судот веќе изрази сомневање дека одлуката е неуставна и одлучи да поведе постапка.

ustaven-sud

Никој од судиите не беше против, а претседателката Елена Гошева потенцираше дека се прави преседан заради состојбата во која се наога државата и заради нефункционалноста на голем број државни органи.

Тоа веднаш повлече повторно свикување на пратениците за собраниска седница и донесување четири важни закони. Во отсуство на СДСМ и ДПА, парламентарното мнозинство експресно го измени Законот за помилување за да овозможи некој вид понистување на помилувањата дадени од претседателот Иванов.

Уставниот суд денеска веројатно ке го прифати барањето на ДУИ како подносител на иницијативата и ќе ја поништи Одлуката за самораспустање. Тоа значи дека таа ке биде избришана од правниот поредок како да никогаш не била донесена. Ќе исчезнат и правните последици од нејзиното донесување, пред се распишувањето избори за 5-ти јуни, а потоа и сите преземени предизборни дејствија. Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни.