Уметноста и творештвото на Митко Тошев

Кога ќе ги погледнете делата на Тошев, добивате впечаток дека се небаре живи. Тие ги покажуваат сите емоции, страст и енергија на реален жив човек. Токму во тоа е дарбата на врвните уметници. Да ја прикажат и емоционалната компонента на ликовите кои ги претставуваат на своето платно.

Mitko Toshev

Митко Тошев е познат македонски скулптор и сликар. Тој е роден во Струмица на 18 јуни 1972. Завршил на факултет за ликовни уметности при универзитетот ,, Кирил и Методиј” во Скопје во класата на проф.д-р. Душан Перчинков. Магистрирал при универзитетот ,,Климент Охридски” во Битола, на отсек Надарени и талентирани во ликовната уметност. Митко Тошев своето ликовно творештво го почнува на 5 годишна возраст, а веќе на 10 години приредува серија на изложби. Уште тогаш е наречен “чудо од дете”.

Mitko Toshev

Во неговиот развој како ликовен уметник голема е помошта од еминентниот ликовен педагог и професор, Петар Мазев, кој оценувајќи дека има огромен потенцијал го носи на Бриони, кај Јосип Броз – Тито, каде Тошев на маршалот му изработил портрет во живо.

Веќе на 11 годишна возраст го свртува вниманието на ликовната јавност, со успешното претставување на самостојни ликовни изложби. Твори во сите медиуми-платно, дрво, мермер, стакло, порцелан, керамика и други, но сепак се издвојувува неговото знаење и талент во изработката на портрет како најтешка дисциплина во ликовното творештво и тоа на тема портрети во бронзен, сребрен и златен медал.

Автор е на бронзена статуа со ликот на трагично загинатиот македонски пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена Тоше Проески. Добитник е на повеќе награди меѓу кои и наградата за хуманист статуетка на Мајка Тереза.

Творештво Портрет во живо на поранешниот Претседател на САД, Бил Клинтон, овој портрет денес се наоѓа во Американската Амбасада во Скопје – 1999 година. Во 2003 год. изработува портрет во позлатена бронза на поранешниот Претседател на НАТО алијансата сер Џорџ Робертсон, портретот се наоѓа во канцеларијата во седиштето на НАТО во Брисел. Автор е на портретот на Мајка Тереза изработен во техника релјеф во позлатена бронза, подарено од поранешниот Претседател на Р.Македонија Борис Трајковски на неговата светост папата Јован Павле Втори, ова дело денес се наоѓа во собата на папата во Ватикан во Рим.

Mitko Toshev

Автор е на портретот на златен медал на поранешниот Претседател на САД, Џорџ Буш кој се наоѓа во Белата куќа-Вашингтон САД. Автор е на портрет во позлатена бронза на Папата Бенедикт XVI . Автор е на портретот на бронзената статуа на Тоше Проески во 2007 година.

Автор е на портрет Скулптурата на поранешниот Претседател на Р.Македонија Борис Трајковски, која се наоѓа во спомен собата на Мајка Тереза во Скопје. Автор е на бистите на Теодосиј Синаитски, Антон Панов и Христофор Жефаровиќ, кој се наоѓаат пред општинското собрание во Дојран. Автор е на спомен обележјето на познатиот македнски пејач Гоце Арнаудов, кој се наоѓа во малиот градски парк во Струмица.

Mitko Toshev

Автор е на бистата на познатиот македонски актер Ристо Шишков, која се наоѓа пред домот на културата во Струмица.

Mitko Toshev

Денес Митко Тошев е професор по ликовна уметност во гимназијата “Јане Сандански” во Струмица. Награди -Хуманитарна награда Мајка Тереза, – Награда Св. Петнаесет тивериополски свештеномаченици.

Подоле ви претставуваме некои од делата во богатиот творечки опус на уметникот Митко Тошев.

Mitko Toshev

Mitko Toshev Mitko Toshev Mitko Toshev Mitko Toshev Mitko Toshev Mitko Toshev Mitko Toshev 12325088_10208832073503529_242460268_n Mitko Toshev