Топ 10 квалитети на лидерите според Форбс

Светски познатиот магазин Форбс создаде листа на 10 најбитни квалитети на лидерите. Ова се 10-те топ квалитети на лидерите според Форбс:

лидери

 

Искреност

Иако некогаш малите лаги можа тна краток рок да ви донесат некаков успех, на долг рок, искреноста секогаш се исплати.

 

Способност за делегирање авторитет

Кај нас во Македонија оваа карактеристика кај нашите менаџери скоро и да не постои. Сите сакаат сами да носат одлуки за се. Сите сакаат апсолутна контрола врз својата фирма и секој аспект од процесот на донесување одлуки. Сепак способноста да се делегира авторитет на вработените значи дека имате доверба во нивната способност и квалитет.

 

Комуникација

Ова е суштински квалитет. Комуникација со клиентите, со вработените, со институциите.

 

Самодоверба

Самодовербата значи да имате сигурност во она што го правите и во одлуките што ги донесувате, а штом покажете самодоверба и сигурност, другите ќе ве следат и ќе веруваат во вашата одлука.

 

Посветеност

Не може да очекувате од вашите вработени да се посветени на својата работа, а вие со личен пример да не го манифестирате тоа.

 

Позитивен став

Ако сакате да го држите тимот мотивиран, мора постојано да ја држите позитивната енергија на високо ниво. Тоа е клучно за успехот на тимот. Секогаш одржувајте баланс помеѓу работата и забавата во канцеларијата. Нека има по малку од двете.

 

Креативност

На денешниот глобален брзорастечки пазар, креативноста е суштинска за успех, па дури и за опстанок. Ако не иновирате со вас е готово. Ќе станете диносауруси на пазарот кои полека изумираат. Дозволете на вашите вработени да ја искажат својата креативност. Вработете креативни луѓе кои размислуваат „out of the box“.

 

Интуиција

Секој бизнис вклучува одредено ниво на предвидување на идните однесувања на пазарот и на вашите клиенти. Какви и модели да имате развиено, интуицијата секогаш ќе биде вашиот сојузник. Како и да е, сепак таа треба да биде резултат на искуство, а не на ароганција дека јас не можам да згрешам.

 

Способност за инспирација

Секогаш лидерот е оној кој ги инспирира другите, кој внесува кај нив желба и мотивација за успех. Поставете јасни цели и уделот и придобивките на секој од тимот. Признаете го трудот на секој вработен. Само така ќе поставете основа за почит и можност за инспирација на другите од тимот.

 

Извор: Магазин Форбс
http://www.forbes.com/