Сител користи фотографии од протестите против власта и ги претставува како протести на ГДОМ

Телевизијата Сител уште еднаш го зацементира медиумското дно кое уште многу одамна го достигнаа. Нивната пропаганда и лаги веќе немаат граници. Најновата нивна лага и будалаштина, е прикажувањето на фотографија од граѓанските протести против власта, како фотографија на протест од ГДОМ.

сител протест лага

Оваа фотографија Сител се обиде да ја претстави како фотографија од контра-протестите на ГДОМ во Кавадарци. Веста е на следниов линк.

Всушност се работи за фотографија на граѓанскиот протест во Кавадарци, против власта и против одлуката за аболиција на Иванов.

Овој манипулативен обид на провладиниот медиум предизвика големи реакции и гнев кај Кавадарчани, кои коментираа по социјалните мрежи.

Инаку протестот на #Протестирам во Кавадарци почнуваше од Катастар, па преку кружниот тек, по Илинденска и завршуваше на градскиот плоштад пред општината. Досега три дена се одржуваа протести во Кавадарци, кои беа доста масовни со присуство на преку 1000 граѓани.

Инаку еве две фотографии од истата група на луѓе кои протестираат, но сликана од напред.

протест протест

Јасно може да се види дека се работи за протест против власта и режимот. Телевизијата Сител, во очај, се обиде манипулативно да искористи фотографии од антивладините протести, и да ги претстави како протести на ГДОМ т.е. на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку на протестот на ГДОМ, кој се одржуваше во малото паркче спроти полицијата во Кавадарци, едвај имаше собрано 200-300 луѓе, што претставуваше вистинско фијаско и срам да се прикажува.

Овие очајни обиди на провладините медиуми да манипулираат со фотографиите се дел од последните обиди на власта да прикаже поинаква слика од онаа вистинската. А таа е дека илјадници граѓани, од десетици градови низ Македонија се помасовно протестираат за слобода, правда и достоинство и против диктатурата на ВМРО-ДПМНЕ.

Коментари

коментари