СКАНДАЛ: Раскол во ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци

Зовриената атмосфера која владееше веќе месец дена во Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, по поставувањето на Панчо Минов за кандидат за пратеник, синоќа кулминираше. Членови на партијата поставија транспарент на кој пишуваше „Ја уништивте партијата. Панчо не е ВМРО“.

Раскол-во-ВМРО-ДПМНЕ-Кавадарци-3

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци не го криеја незадоволството од поставувањето на Панчо Минов на високото четврто место на листата на ВМРО-ДПМНЕ во четвртата изборна единица. Низ чаршијата во Кавадарци, како и на социјалните мрежи коментираа дека е срам за партијата човек како Панчо Минов да биде кандидат за пратеник на листата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Панчо Минов претходно беше два пати пратеник во Собранието на Република Македонија, два пати градоначалник, и еден мандат советник. Досега овој политичар беше член или во коалиција на многу партии, од ЛП, па со СДСМ, во ГРОМ и сега со ВМРО-ДПМНЕ. Кавадарчани на шала го нарекуваат „вентилатор“ и велат дека Панчо почесто ги менува партиите од долниот веш.

Сепак она што најмногу ги револтира членовите на ВМРО-ДПМНЕ е тоа што пред 4 години во Советот на Општина Кавадарци, Панчо Минов ги колнеше до трето колено советниците од ВМРО-ДПМНЕ, и им најави реваншизам.

Состојбата во ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци беше тензична долго време. Како што дознаваме во партијата постојат неколку фракции кои сега се целосно незадоволни и поделени. Досега постоеја фракцијата на градоначалникот Александар Панов, како и групата на претседателката на советот, Горица Пеливанова Вилхелм. Сега дознаваме дека има и трето крило, кое е се побројно, и кое е блиску до коалицијата ВМРО за Македонија.

Исто така, дознаваме дека многу членови на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци, масовно се приклонуваат кон ВМРО за Македонија на Љубчо, Љубе и Стојанче Ангелов.

Раскол-во-ВМРО-ДПМНЕ-Кавадарци-1

Од членови на ВМРО-ДПМНЕ дознаваме дека овој транспарент најверојатно е поставен токму од тоа незадоволно крило во партијата.

Овој раскол доаѓа во лош момент за локалниот огранок на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, бидејќи токму во среда треба да биде митингот на оваа партија во Кавадарци.

Раскол-во-ВМРО-ДПМНЕ-Кавадарци-2

Сеуште не знаеме дали на митингот ќе се обрати и кандидатот Панчо Минов, и дали можеби ќе се извини за изреченото од пред 4 години. Еве што тогаш на прес кажаа за него советниците од ВМРО-ДПМНЕ: