Руските атлетичари суспендирани од сите натпревари поради огромен допинг скандал

Светската Атлетска Федерација, на нивниот веб сајт објави дека Русија е исклучена на неодредено време од сите натпревари во атлетика.

00-sochi-olympics-10-08-01-14

Ова значи дека можеби на руските атлетичари нема им биде дозволено да учествуваат дури и на Летните Олимписки Игри во Бразил 2016 година.

Оваа одлука следи по откривањето на најголемиот допинг скандал во историјата на Атлетиката, каде биле вмешани спортисти, тренери, лекари, вработени во анти-допинг институциите, па дури и руската држава. Според информациите, биле уништувани вистинските тестови, и тие биле фалсификувани со лажни податоци.

Претсеателот на Светската Атлетска Федерација, Себастијан Кое изјави:

„Одлуката за суспендирање на руската атлетска федерација од сите натпревари е тешка одлука, но е резултат на нивниот неуспех да ја надминат корупцијата во нивните редови. Но, не само во Русија. За жал, мора да заклучиме дека целиот систем доживеа неуспех и ја изневери атлетиката и фановите.“

Скандалот во светската атлетика е толку голем, што истрага за наводната корупција и поткупи, поведе и ИНТЕРПОЛ.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија ќе спроведе сопствена истрага за скандалот и рече дека одлуката на Светската Атлетска Федерација е преостра.

Коментари

коментари