Респонзивниот веб дизајн, твојот бизнис и Google

Да, во последно време се повеќе слушате за респонзивен веб дизајн. Респонзивноста во дизајнот стекнува се поголема популарност во последно време. Секојдневната еволуција и развојот на нови уреди им отежнува на бизнисите да останат во трката за онлајн внимание, и голем број на веб-сајтови и бизниси се соочија со последици заради тој развој.

responsive web design

Поминаа деновите кога веб-сајт се креираше само за десктоп и лаптоп. Денес, постои огромен број на уреди на кои можете да пристапите на интернет и да го најдете она што ве интересира, и токму тоа е она што ја создаде потребата за респонзивен веб дизајн.

Респонзивниот веб дизајн прави вашиот веб-сајт да биде доволно флексибилен и да изгледа убаво на било кој уред. Без разлика дали си на лаптоп, смартфон, или таблет ќе го имаш истото корисничко искуство.

Дали веб-сајтот на Вашиот бизнис треба да биде респонзивен?

Според најновите истражувања, 38% од посетите на веб-сајтовите доаѓаат од мобилен, и таа бројка едноставно е преголема за да се игнорира. Всушност, луѓето стануваат се повеќе зависни од интернетот, а тоа значи дека сакаат постојано да бидат активни на интернет. Таа зависност и желба за активност ги води кон тоа да користат смартфони и таблети повеќе отколку што користат лаптопи и десктоп компјутери.

Затоа уште поважно за секој бизнис е да биде присутен со респонзивен веб-сајт и да биде достапен на секаков уред за потенцијалните клиенти. Вашиот веб-сајт треба да ги обезбеди сите потребни информации за клиентите дури и кога се тие во движење.

Дали респонзивноста влијае на резултатите од пребарувањето на Google?

Од неодамна, Google започна да ја промовира респонзивноста како еден од најважните фактори за индексирање на веб-сајтовите и пребарувањата. Google лансираше ново правило кое вели дека секој веб-сајт треба да обезбеди оптимално веб искуство и за корисниците на таблет и мобилен. Без разлика дали се во потрага по содржина, слики или некоја друга релевантна информација, треба да им биде удобно кога го користат веб-сајтот.

Google промени некои од условите според кои одредува како ќе биде рангиран твојот веб-сајт во пребарувачот па сега се зема во предвид и:

Целата статија може да ја прочитате на следниов линк