Одлука за иднината

Храбрите  и одлучните лидери но и оние со чувство на одговорност кон носење на одлуките и решенијата за државите, ретко се раѓаат или се појавуваат во денешниов свет.

Таков е примерот со нашиот премиер Заев, кој без предрасуди и страв влезе во коштец со решавањето на наталожените проблеми во Република Македонија и ни донесе резултати и успеси кои ги поздравува целиот свет.

Сега ни преостанува на нас граѓаните на Република Македонија да го наградиме него со позитивен исход од референдумот и да тргнеме по неговиот пат кој е чесен, демократски и остварлив за влез во НАТО и ЕУ.

Со тоа сите добиваме а најмногу младите кои ќе ја чуваат иднината на нашата Македонија и нашиот идентитет и јазик. Сега не ни треба ширење на омраза, национализам и дефетизам. Сега е потребно обединување, свест и разум, за иднината на идните поколенија, бидејќи решаваме вековно прашање.

Ајде сега сите заедно влас, опозиција и неопределени да покажеме патриотизам за сопствената иднина и иднината на младите.

Бранко Шемов
Поранешен член на ЦО на СДСМ Кавадарци

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.