Ова се најефикасните чаеви за детоксикација

Најважната работа кај детоксикацијата е прочистување на телото и умот. Прочистување на умот може да постигнете со медитација, јога и други вежби за дишење кои може да направат да се чувствувате смирено и свежо.

Од друга страна, чаевите се совршени за прочистување на телото и имаат многу други здравствени бенефиции. Еве неколку од нив кои мора да ги пробате:

 

Чај од коприва

kopriva

Копривата го прочистува вашиот црн дроб и е добар лек за луѓето со запек. Ако се обврзете да го пиете овој чај секојдневно, за кратко време ќе откриете дека многу симптоми кои пред тоа сте ги имале полека ќе почнат да изчезнуваат. Копривата е добар за подобрување на варењето, го прочистува дигестивниот систем, а е многу вкусен во исто време!

Чај од магдонос

magdonos

Ова е познато на сите што готват бидејќи знаат дека додавањето на магдонос во било кое јадење дава прекрасен вкус и мирис. Но, исто така можете да се направи и чај за прошистување од него. Чајот од магоднос е се повеќе популарен и има мног бенефиции кои ќе ве натераат и сами да го одгледувате. Добар е за целиот дигестивен систем бидејќи магдоносот помага во варењето на храна, така што ги подобрува проблемите со стомакот.

Чај од чили пиперка

chili-piperka

Иако здравствените придобивки од овој чај се уште не се познати, се повеќе луѓе го употребуваат и го вклучуваат во својата диета. Чајот од чили пиперка не само што го прочистува вашето тело, туку е и одличен извор на енергија и прави да се чувствувате освежено. За да го намалите лутиот вкус, додајте парче лимон и малку мед.

Чај од лук

luk

Можеби овој чај нема да ви звучи многу привлечно на почеток, но здравствените бенефиции од него се многу привлечни. Чајот од лук содржи сулфур што е потребен за процесот на детоксикација. Во земјо како Мексико и Шпанија, овој чај редовно е послужуван за лечење кашлици и настинки.

Зелен чај

zelenchaj-1024x683

Не можете да направите целосна детоксикација без пиење зелен чај. Овој чај прави чуда за вашето тело бидејќи е преполн со антиоксиданси кои организмот ги користи за борба против токсини и болести.

 

 

Коментари

коментари