Најпаметни потези што може да ги направите додека сте невработен

Невработеноста, без дилеми е тежок период за многу млади луѓе. Досадата, чувството за бескорисност, немањето пари, се само некои од проблемите поврзани со невработеноста. А, таа кај младите во Македонија е голема. Сакаме да ви дадеме неколку совети, за тоа што е најдобро да правите додека сте невработени.

невработен

1. Почнете да учите нови работи

Кога сте на работа, многу е тешко да најдете време за да учите нови работи. Кога сте невработен имате полно време за тоа. Почнете да учите нов јазик, нова компјутерска програма, или било што ви е интересно и сметате ќе ви биде корисно некогаш во животот. И сето тоа е бесплатно. Доколку немате пари за курсеви, на интернет има полно туторијали за учење јазици, за компјутерски програми итн.

2. Читајте книги

Читањето ќе ја зголеми вашата имагинација и нема да дозволи депресијата да ве надвладее.

3. Спортувајте

Чувството за бескорисност кое доаѓа со невработеноста влијае и врз физичкото здравје. Спиеме до касно, јадеме премногу, и не мрзи да правиме било што. Направете план дека ќе станувате секое утро во 9 часот, ќе спортувате, па потоа ќе одите на курс или ќе читате.

4. Вклучете се во некоја организација

Без разлика дали ќе волонтирате во некоја невладина организација, или ќе се запишете на танц или во хор, дружбата со луѓе за вас ќе делува инспирирачки и позитивно.

5. Превземете акција

Вртењето на веб страниците за работа и илјадниците безуспешни апликации, без дилеми, делуваат обесхрабрувачки. Но, зошто не размислите за сопствен бизнис. Зошто самите да не си создадете работа и да не зависите од останатите.

Дали имате идеја? Дали имате знаење за нешто што ќе биде барано на пазарот? Направете истражување и почнете со акција. Ако ништо друго, барем ќе знаете дека сте се обиделе нешто, и не сте биле од оние кои не превземаат ништо и го обвинуваат секој друг освен себеси за својата состојба.