Најголемата љубов нема да ја видите на Фејсбук!

Статијава беше многу актуелна деновиве, и навистина со право. Беше објавена на порталот www.zemizdiv.mk, и е превземана од таму. Споделуваме дел од неа…

љубов

Во време на социјални мрежи, тешко е да остане нешто неоткриено, нешто приватно, нешто зачувано само за себе. Понекогаш се чини како сите да се тркаат да покажат дека се посреќни од другите, позаљубени, поуспешни, понашетани, позабавни и слично.

Ова особено важи за врските. Луѓето сакаат да им покажат на другите дека ете конечно се средиле, се смириле, започнале врска и дека целиот живот им е магичен. Тоа секако стои на сите слики со насмеани лица, на сите статуси, на сите коментари со стикери со срциња. И луѓето ќе аплаудираат, ќе речат: „Браво еј, колку им е добра врската.“ Бидејќи тоа е целта, нели? Зависта во туѓите очи, љубомората за средениот живот.

Никој не знае што се случува зад тој екран и зад тој монитор. Никој не ги гледа расправиите, изневерувањата, солзите. Затоа потоа имате фрапирани лица и реакции: „Како бе раскинале, па цел Фејсбук им беше со срциња и љубов?!“ Така, раскинале затоа што немале љубов, немале разбирање, изгубиле почит. Тоа што го рекламирале на Фејсбук има многу малку со врската и со тоа како таа ќе се развива.

Завртете се околу вас и сигурно ќе забележите дека оние парови кои ги знаете како најзаљубени и најсреќни, речиси никогаш не постираат заљубени работи на Фејсбук. Ретко кога постираат песни еден кај друг на ѕид, не си ставаат стикери со срциња и имаат многу малку заеднички слики.

Целата статија може да ја прочитате на следниов линк

Коментари

коментари