Модерна маркетинг стратегија и сегментација на пазарот

Компаниите денес сфаќаат дека не можат да им се допаднат на сите купувачи на пазарот, или барем не на сите купувачи на ист начин. Купувачите се премногу бројни, прешироко распрснати, и премногу различни во потребите и купувачките практики.

Модерна маркетинг стратегија и сегментација на пазарот 1

Но, уште повеќе, самите компании многу се разликуваат во способностите да услужат различни сегменти на пазарот. Една компанија мора да ги идентификува деловите од пазарот на кои може да им служи најдобро, и да има најголем профит. Таа мора да креира купувачки водени маркетинг стратегии кои ги градат вистинските врски со вистинските купувачи.

Повеќето модерни компании се откажаа од масовниот маркетинг, и се насочија кон таргетиран маркетинг – идентификување на пазарни сегменти, одбирање на еден или повеќе од нив и развивање на производи и маркетинг програми соодветно направени за нив.

Наместо да ги расплинуваат своите маркетинг напори (пристапот на „сачмарка“), фирмите се фокусираат на купувачите кои имаат најголем интерес за вредностите кои тие најдобро ги создаваат (пристапот на „снајпер“).

Модерна маркетинг стратегија и сегментација на пазарот 2

Постојат 4 главни чекори за креирање на купувачки водена маркетинг стратегија (сегментација, таргетирање, диференцијација и позиционирање). Во првите два чекора, компанијата ги одбира купувачите кои ќе ги услужува.

Сементацијата на пазарот вклучува и поделба на пазарот на помали групи на купувачи со јасно одределиви потреби, карактеристики или однесувања кои евентуално би имале потреба од посебни производи или маркетинг миксови.

Модерна маркетинг стратегија и сегментација на пазарот 3

Маркетинг таргетирањето (или таргетирањето) се состои од преиспитување на привлечноста на секој пазарен сегмент, и селектирање на еден или повеќе маркетинг сегменти во кои ќе се влезе.

Во крајните два чекора, компанијата решава за вредносна понуда – за тоа како ќе креира вредност за таргетираните купувачи.

Диференцијацијата вклучува фактичко диференцирање на понудата на пазарот на фирмата, за да се создаде супериорна купувачка врендост.

Позиционирањето се состои од работење на тоа пазарната понуда да зазема јасно, посебно и пожелно место, споредена со конкурентските производи, во главите на потрошувачите.

Принципи на маркетинг – Филип Котлер и Гери Армстронг