Македонските кладилници буквално растураат! Нивните профити вртоглаво растат.

Според податоците од Централниот Регистар, за 200 најголеми фирми во Македонија, кој го објави неделникот Капитал, во Македонија две кладилници оствариле профити повисоки и од некои моќни компании.

кладилницаКладилниците „Спорт Лајф“ и „Златна копачка Еден“, според овие податоци, се во првите 40 фирми во Македонија според профитот. Тие имаат поголем годишен профит, дури и од некои моќни компании како Југохром или Ван Хол.

Обложувалниците на „Спорт Лајф“, кои се најбројни во Македонија, се на 22 место на листата на 200 најголеми македонски компании. Фирмата лани направила обрт во износ од 69,7 милиони евра, а вработува вкупно 694 лица.

На 39 место е ланецот обложувалници „Златна копачка – Еден. Оваа фирма лани остварила приход од 48,4 милиони евра. Профитот на обложувалниците „Златна копачка“ изнесува 1,45 милиони евра.

Треба да се запрашаме каква економија и општество развиваме, кога едни од најголемите профитери во него се кладилниците!?