Македонија ги одбележува Денот на Европа и победата над фашизмот

Со повеќе активности во Македонија денеска се одбележува 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

eu-flag-ss-1920

„Младите и мобилноста“ е настанот што го организира Националната агенција за европски програми и мобилност во соработка со новооснованата европска мрежа на културни институции EUNIC Скопје, Италијанскиот центар Данте Алигиери и Францускиот институт во Скопје.
На Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово, пак, во рамки на кампањата „Младите за ЕУ“, ќе се одржи дебата од циклусот „ЕУ Ѕвезди“ на тема „Родова еднаквост“.
Во Берлин, нашата писателка Лидија Димковска ќе ја отвори „Долга ноќ на европската литература“ која по повод Денот на Европа ќе се одржи во „Дојче театер“.
По повод Денот на победата над фашизмот, Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија организира свечен собир по повод Денот на победата над фашизмот во Дом на АРМ во Скопје, додека во Прилеп, во Центарот за култура „Марко Цепенков“, со филмот „Белиот тигар“ во режија на Карен Шахназаров, ќе биде отворена Ревија на руски филмови.