Конструктивна опозиција

Својата конструктивност ВМРО- ДПМНЕ неколкупати на дело ја покажа во изминативе неколку месеци. Формирањето на десет пратенички групи е врвот на нивната конструктивност. Сега тие конструктивно ќе можат да го блокираат секој натамошен процес, вклучително и постапката за разрешување на јавниот обвинител. “Прогнот” како што тие го нарекуваа, од страна на СЈО, би можел да биде дуплиран доколку наместо “перфектниот”, се избере нов јавен обвинител.

И оваа нивна “конструктивност” не треба да изненадува никого, а најмалку владеачкото мнозинство. Никола Груевски и самиот најави на последната прес конференција дека не разговара повеќе со се она што се нарекува домашен или меѓународен политички фактор, се додека “прогонот” трае. Мене лично овде не ме изненадува постапката на ВМРО- ДПМНЕ да блокира разрешување на нивниот “перфектен” јавен обвинител, туку ме изненадува изненаденоста на парламентарното мнозинство од тие постапки. Ако очекуваа дека раководството на ВМРО- ДПМНЕ ќе ги прекрсти рацете и самоволно ќе оди во Шутка, се излажале. Затоа e важно да што побрзо се отстранат препреките поставени од страна на опозицијата, за да новата администрација конечно земе замав.

Незаконско работење

Навистина е комична ситуацијата кога претставници на ВМРО- ДПМНЕ, на партиска прес конференција обвинуваат дека некој орган работел незаконски. Епа малку каснат за тоа.

И така решил Крсте Јовановски да си прави прес конференција. Излегува и почнува со веќ видените квалификации за СЈО, т.е дека е партиски орган на СДСМ, дека води политичка хајка, и останати бла бла приказни. Меѓутоа покрај ова стандардно верглање на неколкуте квалификации кои се предигра на речиси секоја нивна прес конференција, Крсте порача дека СЈО треба под хитно да ги уништи сите прислушувани разговори , јер рокот за поднесување на обвиненија е веќе истечен. Да бидам попрецизен, Крсте бара да се уништат останатите индиции за криминал кои СЈО не стигна ни да ги преслуша, а камоли истите да ги истражи.. Па чекај бе Крсте, нели политички прогон, нели нема (како што вели Сотир Костов) ни Ф од факти, ни Д од докази и ни А од аргументи.  Па ако се невини ( као што велите) пуштите ги луѓето нека си го губат бадијала времето. Нека бараат факт, доказ и аргумент таму кај што го нема, и така тргнете си  ја фино лепо црната флека околу партијата. Вака заташкувајќи ја работата, ги убедувате во афтентичноста на разговорите и оние 15% од македонските граѓани кои  ви веруваа дека истите се сечени, лепени и монтирани.

Ма кого јас залажувам овде! Работата е едноставна. Си ја имаат мувата на капата. И затоа Крсте бара уништување на разговорите. Што правиме ако утре некој “неперфектен” обвинител не сака да биде глув како овој “перфектниот”. Да не ставаме после бројчаник на кој ќе се прикажуваат преостанатите години робија.

Новинарски бисери

Режимот падна, меѓутоа медиумските слуги се сеуште тука. Дел од нив ја променија уредувачката политика и сега глумат непристраснот, а други останаа таму каде што и претходо беа, на страната на бившиот режим. Сега телевизијата на “оној Сеат Ибица што вози” остана единствениот столб на “слободното и непристрасно” известување.

Во последното интервју на Никола Груевски во телевизијата на “оној Сеат Ибица што вози” новинарката (јебига незнам како се вика) на крај на интервјуто му се извини на бившиот премиер доколку му поставила некое незгодно прашање. Јас пак мислев тоа е работата на еден новинар. Али ете сум бил во заблуда. Новинарски било да прашувате она за што гостинот сака да зборува. Не е во ред на некого гостувањето да му го направете непријатно. Сепак домаќини сте.

Но новинарката не запре овде. Знаете како е кога ќе ти тргне во некоја работа. Тогаш запирање нема. Амди Бајрам дваесет и кусур години тресе зелени, и нема намера да прекине да го прави тоа. Али му иде на човекот. Така и на кутрата новинарката. Малку беше извинувањето, па побара од бившиот премиер да потврди дека не и дал готови прашања, туку таа самата ги смислила. Убила ме туѓа срамота. Што е поентата овде? Таа да се прикаже како јакиот новинар? Хахаххахахахха ма није ваљда. Веројатно да го пере бившиот ни премиер? Види го колку е спремен! Замисли  дојде без да ни испрати прашања.

Но Груевски добро си ги истренира неговите новинари. Тие после толку време знаат и самите што смеат а што не смеат да прашаат. Тоа ти е исто кога мало дете ќе научиш да не става рака на рингла за да не се изгори. Е така и кај овие. Нема веќе потреба Мартин да троши време и хартија. Тие самите ги знаат жешките прашања.

 

Автор: Вуко Мелов

Мислењата искажани во колумните се лични ставови на авторите и не значи дека го претставуваат мислењето на Редакцијата на doznaj.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.