(КОЛУМНА) Тероризмот и десничарскиот популизам одат рака под рака

Секогаш кога хаосот и заканите од тероризам стануваат толку силни и страшни, се јавуваат „месии“ кои ветуваат спас и сигурност од варваризмот на терористите, но под само еден услов: Слободата да им ја препуштиме на нив да ја регулираат на „одредено време“.

Како некоја историска фарса повторно заканите од тероризам доведуваат личности од типот на Доналд Трамп, кои би можеле да добијат таква моќ што е дури позастрашувачки од самите терористички напади. Колку само лесно, секогаш кога сигурноста ни е загрозена, сме волни да си ја продадеме слободата на некои шарлатани и популистички лидери, кои само го кажуваат она што тлее како длабок страв во нас.

Три работи во моментов ми создаваат такво гадење, да не можам да проценам која е поодвратна од друга. Но, да почнам од почеток.

isis raqqa

ИСИС. Да расчистиме. Никаква религија, идеологија или некаков повисок идеал не е причина да се разнесете во Брисел, Париз, Истанбул, Бејрут или било каде, со 50 цивили, пред се жени и деца, околу вас. Причината е патолошка болест.

Да загинеш во борба, судирајќи се гради в гради со непријателот, борејќи се за одредени принципи, идеали и сл., каде наспроти тебе стојат луѓе исто така со оружје и за кои ти си нивен непријател, е познато во историјата и често пати и прифатено како херојство. Тоа е разбирливо.

Но, да се наредиш со експлозив и да се разнесеш на улица, парк, аеродром или стадион, каде има околу тебе 50-тина невини цивили, е патолошка состојба, која треба да се третира сериозно и треба да се анализираат причините за тоа. Во овој случај евидентно е дека таа патологија е масовна. Постои кај сите оние кои го подржуваат ИСИС.

Видете… ИСИС е кукавичлук невиден во човечката историја. Така и ќе остане запишано во историјата. ИСИС е збирштина од патолошки болни умови кои се разнесуваат како кукавици и убиваат невини жени и деца. Уште една срамна страница во книгата за човечкиот род, после нацизмот, која секогаш кога ќе ја читаме ќе ни предизвикува гадење.

150810-donald-trump-debate-743a_ded2a0af932f2c2332757273ea911da2.nbcnews-fp-1200-800

Втората причина за гадење е налетот на популистички лидери, кои секогаш како печурки се јавуваат во времиња кога светот е пред сериозни закани. Авторитаризам, популизам, вулгаризам, омраза, гнев се само дел од карактеристиките на наративот на овие популистички лидери.

Видете го Доналд Трамп. Човекот кој на претседателска дебата зборуваше буквално за својот пенис и кој јавно повика ликвидирање на семејствата на припадниците на ИСИС, кој  шири расизам, ксенофобиа, кој има речник на десетгодишно дете (ова го потврди Институт од САД кој прави такви анализи), човек кој лагите му се како добро утро, може да стане претседател на САД, најмоќната политичка финкција во светот.

Ни Европа не заостанува со вакви популистички лидери. Овие десничарски популистички лидери се варварски одговор на варваризмот на ИСИС. Сосем погрешно! Сосем погрешно! Зарем заборавивм,е како Хитлер дојде на власт. Како ги забрани другите партии и слободата на медиумите. Го запали Бундестагот и ги обвини за тоа комунистите. Германците ја трампаа слободата за наводна сигурност. „Сигурност“ која ги одведе во војна, каде загинаа 60 милиони луѓе. Дали смееме да дозволиме повторно вакви погрешни личности да не излажат и да дојдат на власт и да го уништат најскапоценото нешто за што сме се бореле векови наназад: слободата и демократијата.

People attend far-right wing summer festival in the village of Viereck

Третата работа која ми предизвикува гадење од невидени размери се всушност три работи многу поврзани. Прво извесутвањето на медиумите кај нас во Македонија (некои портали поточно). Прочитав наслови од типот: „Ова е човекот кој ја стресе цела Европа“ и сл., алудирајќи на терористот кој ги организирал нападите во Париз и Брисел. Тој што го пишувал овој наслов или е радосен за тоа што се случило, или сака да направи сензационализам за да веста му биде почитана. И во двата случаи се работи за болно суштество, кое нема трошка чувства.

Другата работа е мерењето за кои жртви повеќе сме жалеле и плачеле. Критики од сите страни зошто помалку сме плачеле за терористичките напади во Истанбул, а повеќе во оние во Брисел и Париз. Која болна работа човече. Секој човечки живот е еднакво вреден, без разлика дали е дете од Бејрут или Париз, но да пресметуваш за што повеќе се жалело на фејсбук и за што повеќе врева се кренало, е болна работа.

И третата работа е ситењето на некои ликови, на кои не сакам ниту името да им го спомнувам, за нападите во Брисел. Демек ова и требало на Европа, бидејќи води лицемерна политика. Лудаци бре, свесни ли сте што зборите?! Збориме за животи на 50-тина цивили, пред се невини жени и деца!

А.Т.