(КОЛУМНА) Победа на поразените

Информациите за изборната победа од 11-ти декември на ВМРО-ДПМНЕ поминаа без препознатливата еуфорија за нивната јубилејна десета по ред победа. Изразите на лицата, зарипнатите гласови на говорниците и сите останати присутни во раскошната палата во неделата вечерта, јасно покажуваат дека победата од 17.000 гласови разлика нема многу да им е од корист.

Меѓутоа и без разлика на тоа што е таа така тесна, пирова, сепак е подобра отколку пораз, или евентуалното нерешено. Па заради зачувувањето на таа трошка надеж која ги остава сѐ уште во игра, истурија еден таков гнев, таква омраза и негативна енергија пред седиштето на Државната изборна комисија.

Кој ќе формира влада?

Оваа тесна победа го наметнува како најважно прашањето за составот на идната влада. Вие можете да победите и на сто изборни циклуси, вашите победи паѓаат во вода доколку не сте во можност да обезбедите мнозинство во Собранието, а со тоа и да ја формирате новата Влада. Огранчениот пост изборен коалициски капацитет за кој беше свесен и Груевски уште на самиот почетокот на предизборната кампања, го принуди да ја постави летвичката доста високо на недостижните 63 пратеници, резултат кој е патем тешко да се достигне и за она ВМРО-ДПМНЕ од најдобрите денови. Тоа всушност беше и единствениот резултат кој ќе им овозможеше порелаксиран дочек на новогодишните празници.

Познатиот рецеп на двете владечаки партии, преку повторното прераскажување на веќе прочитаната националистичка приказна за „лошите Македонци” и „клетите Шиптари” во одделните етнички кампуси, овој пат не вроди со плод. Па така во неговата веселата математика, Никола Груевски ќе се обиде да стигне до бројката од 61 пратеник. Меѓутоа таа националистичка реторика најверојатно ја затвори и последната врата на која Груевски можеше да тропне, кај неговото другарче Али Ахмети.

Неговото другарче Али по изборните резултати е доведен во една многу деликатна ситуација,  да бира дали ќе се спасува самиот себе си, или ќе го спасува неговиот поранешен коалициски партнер. Сосема нормално е да очекуваме дека егоизмот ќе надвладее кај Ахмети, при што за првпат ќе биде приморан да му каже НЕ на Груевски. Дали притоа прекинувањето на долгогодишната врска помеѓу нив двајца ќе биде дирекно, или пак во некаква си завиена форма преку поставување на максималистички, т.е неприфатливи барања за ВМРО, останува единствената непозната околу самиот исход. Ахмети не може да оправда нова коалиција со неговото верно другарче, а без притоа да не биде дополнително осакатен на наредните избори, кои патем следат за доста брзо.

Оваа весела математики каде што Груевски ќе брои до 61, јасно е дека е остварлива едниствено само во некое ново продолжение од блокбастерот „Невoзможна мисија”. Сите тие упатени закани за излевање на гневот низ улиците, се во насока на избоксување на влада на широка коалиција. Странскиот фактор во целиот овој период доста нагласено ја посочува безбедноста и стабилноста на регионот (вклучително и Македонија). Тоа е картата на која ќе играат за нов влез во зградата на Илинденска бб.

Целиот текст може да го прочитате овде

Коментари

коментари