(КОЛУМНА) Паралелна држава

Сакале ние или не лудилото наречено политичка криза на крајот на денот ќе мора да заврши, меѓутоа многу важен е крајниот епилог на целава ситуација, односно дали од политичката криза ќе излеземе сите ние како победници, или ќе влеземе во нова фаза на авторитарно владеење кое не само што нема да ги  реши проблемите туку итсите ќе ги продлабочи.

Договорот од Пржино оваков или онаков, со сите негови мани и недостатоци, сепак нудеше некои основни предуслови за фер и демократски избори. Уште кога го добивме  на увид договорот, односно кога тој беше јавно објавен сметав дека овој договор, неможам да речам дека е лош, но сметав уште тогаш дека не е најдобар. За квалитетно разрешувањето на кризата во Македонија веројатно требаше некои порадикални елементи во истиот, досега ретко видени во пракса. Практично политичкото миље не дозволуваше поинаков договор, па затоа е и ова фијаско на договорот од Пржино.

dogovor-przino-640x396-304acp5thhz13yz2qvx5a8

Ние имаме јасен проблем, а тоа беа институциите, односно нефункционалноста на институциите или поточно нивно ставање во служба на партијата место на граѓаните.

Во некои елементи од договорот во Пржино овие реформи, кои се неопходни да се направат во институциите за конечно да добиеме здрави институции, се опфатени. Меѓутоа доколку ја погледнеме целата слика ќе забележиме дека освен Државна изборна комисија и МРТ, останатите институции не ги опфаќа договорот.

Специјалното јавно обвинителство кое е соодржано во договорот потребно е да биде само привремено решение, односно да служи само како мост во овој меѓу период додека не се реформира и исправи на здрави нозе она редовното обвинителство.

Неможам да речам дека Специјалното обвинителство не е добро како решение во овој момент, меѓутоа како трајно решение поставувањето на паралелна институција спрема онаа редовната нема да не однесe никаде. Обвинителите кои се дел од оваа обвинителство гледаме како денеска (откако добија автономија во нивното работење) знаат да ја бранат правдата и правната држава. Да ве потсетам дека тие исти обвинители потекнуваат од она редовното обвинителство. Значи проблемот не е во луѓето, проблемот е во поставеноста на системот.

makedonsko_zname

Овие недели исто така актуелна е одлуката на Уставниот суд во врска со зголемените ингеренции на претседателот да помилува лица осудени за изборни нерегуларности, тероризам, педофилија и сл.

Пишав во една од моите претходни колумни дека уставноста на одлуката нема да ја коментирам поради фактот што не сум компетентен за истата, и тоа останува задача на правниците. Од друга страна секоја уставност на било каква одлука паѓа во вода доколку зад истата постои политички мотив, односно политички беграунд. Во тој случај и дебатата околу оваа тема е сувишна.

Јасно се знае која е целта на оваа одлука и кој навистина стои позади овој куклен театар во кој за жал учествуваше Уставниот Суд, институција која во минатото беше доста респектабилна. Не случајно ве навратив на Уставниот Суд и нивната одлука. Тоа е уште еден доказ дека врхушката на власт во изминативе десет години од нивното владеење е навлезена во сите пори на нашето општество. Практично вие немате поделба на власта на судска, законодавна и извршна, односно имате само формално а не во вистинска смисла на зборот. Имате креирано систем кој контролира се, чудовиште кое злоупотребувајќи ја моќта на институци изгледа навистина моќно.

Создавањето на паралелни институции секогаш кога ќе се појави некаден проблем не е решение на проблем, барем не трајно решение. Поради тоа поотребни се здрави решенија, со цел да не добиеме држава со паралелни институции.

2014-08-29-nova-zgrada-min-za-finansii_13

Примери можам да ви давам уште многу за оваа злоупотреба на институциите од страна на партијата на власт, меѓутоа поената е следна: од оваа институционална криза единствено позитивно решение за нас како граѓани е целосно реформирање на институциите, односно изградба на систем кој ќе гарантира независни институции.

Мораме да ги гледаме работите малку подалеку доколку сакаме квалитетно решение. Тој систем треба да ни гарантира дека институциите кои се независни од извршната власт, навистина да бидат независни, и нивното реформирање не треба да зависи од “добрата” волја на било која идна власт.

Квалитетни решенија ќе добиеме ако и само ако истите ги конципираме според условите кои се застапени во нашата држава.