(КОЛУМНА) Зар и ти сине Бруте?

Кога влоговите во една игра стануваат се поголеми, тогаш сите достапни сретства стануваат релано корисни за да се дојде до посакуваната цел. Ако целта ги оправдува сретствата, како што вели Макијавели, тогаш веројатно Гај Јулиј Цезар не требало да биде изненаден кога еден од неговите најблиски соработници учествува во неговиот атентат.

Ако погледнете во историјата наназад ќе забележите дека предавствата постоеле и порано, и тие секогаш доаѓале паралелно со интересот. Интерес во ДПМНЕ секако дека постои, не можам да речам дека  преовладува кај целото членство, меѓутоа како таков постои кај определена група на луѓе.

Со помилувањето на првата постава на ДПМНЕ од страна на претседателот Ѓорге Иванов, оние од пониските ешалони останаа со прст во уста. Нивната матична партија им прати јасна порака дека на списокот на претседателот место за сите нема, а тоа значи дека оваа битка за сопствената кожа ќе мора да ја водат сами.

Иако нивниот шеф постојано го споменуваше и велеше дека не треба да го виткаме, сепак голем дел од неговите сопартијци, вработени во јавна администрација покажаа дека нештото наречено рбет кај нив воопшто и не постои. Сега дојде време да ја платат цената на долгиот молк, пошто тие се всушност соучесниците во матните бизниси на власта.

Релативно малиот список на Ѓорге Иванов им создава главоболки на сите. На овие од пониските ешалони поради фактот што опцијата казна затвор за нив е се пореална, а на помилуваните поради реалната шанса некој од овие пониски ешалони да пропее. Кога на маса е сопствената кожа дури и најмала сламка за спас ќе претставува доволен мотив да се заврти грб на доскорашните соработници, и да се впери прстот токму кон нив.

gruevski izjava

Можеби режимот поради силната медиумска пропаганда сеуште изгледа доста силен и непобедлив, сепак факт е дека тој се распаѓа. Во моментот тој изгледа како големо и силно стебло дрво, од коешто секој дрвосечач уште на почетокот би се откажал од негово сечење.

Меѓутоа можеби стеблото од надвор изгледа доста здраво и силно, сепак внатре стеблото е труло, разјадено од разните паразити кој егзистираат десет години во него, во фаза на самораспаѓање. Во оваа ситуација дури и со најтапата секира на светот лесно ќе излезете на крај. Граѓанството и меѓународниот фактор  во улога на дрвосечачи сеуште го поштедуваат режимот, мислејќи дека ќе почне конечно да размислува и делува рационално.

Вториот мотив за предавство кој реално постои во ДПМНЕ се лидерските амбиции кај некои поединци. Веројатно дека еден дел од приврзаниците на бившиот премиер сметаат дека токму сега е шансата да го украдат тронот, па дури и тоа да биде по цена на нивно иселување од Илинденска бб. Не за џабе најпрслушкувани се неговите најблиски соработници,односно Никола се чуваше од непријателите, а братучедот од пријателите. Триото кое моментално ги води преговорите веројатно се најсериозните кандидати за превземање на престолот.

Никола Груевски веројатно сака да покаже пред меѓународниот фактор дека има капацитет да чисти се што криминогено околу него, па затоа на листите беа изоставени: Гордна,Милеми текна, и останатите поендинци за кои постојат индиции за одреден криминал. Обидот е привиден, со оглед на фактот што кај нас во четворката, на листата на ДПМНЕ фигурираат ликови како Амди и Панчо. Едниот бивш затвореник, другиот бивш градоначалник на мојот град, со рекорден број на кривични пријави за време на мандатите.

Една работа е сигурна а тоа е дека Никола Груевски партијата ќе ја напушти со нож во грб, и најверојатно нема да е единствениот таков. “Зар и ти сине Бруте” ќе бидe веројатно најчесто изговараната реченица во периодот кој следи во ДПМНЕ. Единствена дилема која неможам да ја одгатнам моментално е нивната внатрепартиската разврска, т.е кој ќе го наследи фирерот на тронот, али кога би се кладел сигурно би играл на Антонио.

Автор: Вуко Мелов

Мислењата искажани во колумните се лични ставови на авторите и не значи дека го претставуваат мислењето на Редакцијата на doznaj.com.mk