Кои навики ги практикуваат успешните луѓе?

Постојат одредени навики и типови на однесување кои се карактеристични за секој тип на човек. Кои навики ги практикуваат успешните луѓе?

failure-on-the-path-to-success-1940x1199

Да точно е дека среќата до одредена мера имала влијание врз нивниот успех, но поголем дел е резултат на нивната работа, однесување и секојдневни навики.

Доколку секој ден станувате доцна, не учите ништо ново, не создавате мрежа од контакти и луѓе, дезорганизирани сте, тогаш било каква среќа нема да ви помогне.

Успешните луѓе, иако секој различен на свој начин, имаат неколку заеднички особини т.е. навики кои ги практикуваат:

1. Секоја вечер пишуваат листа со задолженија за следниот ден

Планот е многу битен дел од секој успешен човек. Постои една поголема цел, и повеќе помали чие остварување придонесува кон реализирање на поголемата цел. Затоа и планот треба да ви биде на дневно, неделно, месечно и годишно ниво. Секако постојат и подолгорочни животни планови и цели.

Ако цел ви е на пример да го намалите вишокот килограми, мора секој ден да имате план за правилна исхрана и вежбање. Почитувањето на тие навики за исхрана и вежбање ќе придонесат кон остварување на поголемата цел.

Или ако сакате да отворите компанија, мора секојдневно да учите нови работи, да работите многу, да создавате мрежа, да се рекламирате, да нудите квалитетни услуги од кои ќе бидат задоволни клиентите.

Корисно е кога ќе го правите планот, да правите прироритетна листа со целите и задачите.

2. Создаваат баланс на мозокот, телото и душата

Како се постигнува тоа. Со ментален тренинг и вежбање. Стресот и проблемите постојано ќе бидат овде, едноставно таков е модерниот начин на живот. Прашањето е како ќе реагирате вие на нив. Дали ќе се жалите или ќе ги сфаќате трагично, или ќе се истренирате да ги сметате за нешто нормално и нетрагично.

Дури смислата за хумор е битен елемент и помагало за надминување на тие проблеми и предизвици.

3. Ги визуелизираат целите

Не значи ова дека постојано треба да си фантазирате како ќе изгледа кога ќе имате јахта.. или куќа со базен во Санта Барбара. Но, замислувањето на вие како успешен човек создава линкови (врски) во мозокот, помеѓу невроните, и вие на тој начин го тренирате вашиот мозок да се движи кон таа цел.

Замислите како би се движеле, однесувале и облекувале како успешен човек. Вашиот мозок ќе почне да се движи кон таа цел. Оваа техника ја користат гимнастичарите, кога пред да изведат одредена вежба, визуелизираат во својата глава, како би изгледало кога би ја направиле успешно изведбата.

4. Ја сфаќаат моќта на позитивното размислување

Многумина знам сметаат дека ова е клише. Но, без разлика, не сфаќаат колку тоа „клише“ е важно и суштинско. Негативните мисли ве водат кон неуспех, додека пак позитивниот начин на гледање на нештата ви помага значително на кон патот на успехот.

Логички, секогаш е подобро да сте оптимист отколку песимист.

5. Инвестираат во себе развој

Кога последен пат сте прочитале стручна литература за учење нови работи од вашата струка. Работењето на истите повторливи работи не помага. Или кога последен пат сте научиле нов софтвер, математичка операција, јазик итн.

Инвестирајте во себе постојано. Тоа е една суштинска особина на успешните луѓе.

6. Постојано создаваат мрежа околу себе

Постои една добра изрека која вели: „Твојата нето вредност, зависи од големината и квалитетот на твојата мрежа“.

Сигурно не мислам овде на мрежа за риби, туку мрежа од контакти, луѓе, компании, организации. Токму луѓето од таа мрежа ќе бидат вашите први клиенти во бизнисот или пак ќе ви помогнат на друг начин во животот.

7. Оставаат нешто назад во општеството

Чувството за одговорност е суштинско за успешните луѓе! Тие знаат дека нивниот успех не е резултат на нивните натприродни способности, туку е резултат на живот во општество со други луѓе.

Затоа, мора да се има одговорност кон општеството и да се врати нешто назад, дали финансиски или со давање знаење на другите млади, и ентузијасти кои сакаат да успеаат исто така.