И кавадаречките учесници на Шарената Револуција на мета на Чавков

Герасим Лазов од Кавадарци, уште еден, нов, кој знае кој по ред учесник во Шарената Револуција, денеска беше повикан на информативен разговор во полициската станица во Кавадарци.

pokana-razgovor

Неговата покана се однесува околу неговите активности во граѓанските протести од Шарената Револуција кои изминатиот период се оддржаа во општина Кавадарци а беа испровоцирани од скандалозната одлука за аболиција на претседателот Ѓорѓе Иванов со која беа помилувани лица вмешани во криминални активности.

Лазов се товари за дело за кое предвидена е глоба од 50 евра. Покрај него, за истото дело казни од 50 евра се предвидени за уште двајца граѓански активисти од Кавадарци, Даниел Петков и Анѓелчо Петков.

Доколку Чавков смета дека со овој чекор ќе ме заплаши мене, а и сите кои учествуваат во протестите, дебело се излажал. Неговата порака за жал нема да помине. Напротив, овој негов чин е само мотив плус за мене, моите соборци, сограѓани од Кавадарци и сите граѓани на Република Македонија да излеземе што помасовно на протестите кои следуваат. Не се плашиме. Напротив, она што не може да ни наштети, не прави уште похрабри. Во таа насока сакам да апелирам до Кавадарци, до граѓаните, до сите. Утре со почеток од 18:30 часот ќе се случи нов протест во Кавадарци. Досега најмасовен. Баш заради ваквите неуспешни заплашувања на режимот. Утре сме побројни помасовни. И нема откажување. Одиме до крај. До конечна победа за ослободување на Македонија. – изјави Лазов за Мојот Град

Инаку во Кавадарци досега 9 пати се одржуваа доста масовни протести како дел од Шарената Револуција.

На последниот протест во понеделникот, учествуваа преку 2000 граѓани, што беше и еден од најмасовните протести до сега, во овој град. За денес во 18.30 е најавен нов протест, кој ќе започне од пред Катастарот во Кавадарци.

Кавадарци протест (30 мај 2016) 9