Импресум

Doznaj.com.mk е проект на 4-ца млади ентузијасти, кои имаат големо искуство во блогерската сфера и во медиумите.

Порталот започна со работа на 17 септември 2015 година.

Нашата цел е да го кренеме нивото на културна свест во македонското општество и во медиумите, каде денес доминираат сапунски серии, популарни шоуа и разни вулгарни содржини.

Преку промовирање на претприемаштвото кај младите и преку споделување инспиративни приказни, сакаме да ја поттикнеме младинската само-иницијативност и иновативност.

Понатаму, преку промоција на спортот и спортската култура, исто така, сакаме да создадеме љубов кај младите кон спортот и здравиот начин на живот.

Ќе споделуваме и интересни содржини поврзани со мода, патувања, занимливости, технологија и се она што го интересира младиот човек.

Во делот за вести, ќе се обидеме да претставиме најотворена и непристрасна слика, која без цензура ќе ја прикажува пошироката слика на работите.

Вашето мислење ни значи. За било какви прашања поврзани со порталот може да не контактирате на doznajmk@gmail.com.

Со почит,
Редакција на порталот Дознај