Ибрахимовиќ го замолкна „Стенфорд Бриџ“

Фудбалерите на ПСЖ изборија ново четвртфинале во Лигата на шампионите, откако во осминафиналето два пати го совладаа Челзи.

Францускиот шампион и пред осминафиналните мечеви со Челзи важеше за фаворит, поради се она што на „сините“ им се случува во тековната сезона, а тоа го покажа и на теренот со двете победи.

Откако пред три недели на домашен терен славеше со 2:1, ПСЖ со ист резултат го доби и реваншот на „Стенфорд Бриџ“, во Лондон. Играч на натпреварот беше Златан Ибрахимовиќ кој асистираше за првиот и го постигна вториот гол за својот тим.

ПСЖ беше подобар противник, ја контролираше играта и во поголемиот дел од мечот ја имаше топката во свој посед.

I_Lbl

Ди Марија ја имаше првата шанса на мечот, но Ивановиќ во шестат минута спречи водство на гостите. Десет минути подоцна Мота, Ди Марија и Ибрахимовиќ одлично комбинираа, шведскиот репрезентативец испрати центаршут на поддалечната статива каде што беше Рабио, кој погоди за 0:1.

Челзи израмни 11 минути подцна, Мота загуби топка во опсаната зона, Вилијан одигра за Диего Коста, кој најпрвин убав се ослободи од Тијаго Силва,а потоа го совлада Трап.

До крајот на полувремето Фабрегас и Коста се обидоа од далечина, но резултатот остана непроменет.

Покативен беше Челзи и на стартот од второто полувреме, но без конкретна шанса, додека ПСЖ се потпираше на индивидуалниот квалитет на Ди Марија и Ибрахимовиќ.

По еден час игра голем пех го задеси домашниот тим, Диего Коста поради повреда ја напушти играта.

Две одлични шанси Челзи пропушти во 65.минута, но Трап го спаси својот тим, најпрвин го одбрани ударот на Вилијан, а потоа и на Азар.

Казната стигна две минути подоцна, ПСЖ одигра слична акција како и при постигнувањето на првиот гол, Мота протна топка зад одбраната на Челзи, Ди Марија испрати совршен центаршут, а Ибрахимовиќ ритунски реализираше за 1:2.

По постигнатиот гол стивна атмосферата на „Стенфорд Бриџ“, падна и темптото на играта, па последните 20 минути минаа без тензии.

ПСЖ им се приклучи на Реал, Волфсбург и Бенфика кои претходно обезбедија четвртфинале.

Останатите четвртфиналисти ќе бидат познати на 15. и 16.март кога ќе се одиграат натпреварите Атлетико Мадрид-ПСВ Ајндховен (0:0), Манчестер Сити-Динамо Киев (3:1), Барселона-Арсенал (2:0) и Баерн Минхен-Јувентус (2:2).