ЕУ: Сите партии да ја поддржат работата на СЈО

Вашингтон, Брисел и Лондон едноглaсни – одлуката на шефот на државата сериозно ја доведува во прашање заложбата за владеење на правото во земјава. Меѓународната заедница во првичните реакции изрази сериозна загриженост.

Од ЕУ доцна вечерва со коментар – велат Македонија се обврза на промовирање на владеење на правото и борба против неказнивоста. Спротивно на ова, денешната одлука на претседателот Иванов за амнестија на бројни функционери предизвикува сериозна загриженост. Таа се случува во време кога сите партии треба да бараат начин за заштита на Договорoт од Пржино, се вели во реакцијата од Европската унија.

Ги повикуваме сите страни да избегнат постапки кои ги доведуваат во ризик и ги поткопуваат повеќегодишните напори во земјата и со поддршка од меѓународната заедница да го зајакнат владеењето на правото, се вели натаму во реакцијата. „Важно да се поддржи работата на Специјалната обвинителка и нејзиниот тим избрани од Парламентот како дел од Договорот од Пржино, да продолжат со истрага на сериозните прашања што беа покренати минатата година.
Еврокомесарот Јоханес Хан на Твитер порача дека одлуката на претседателот не се совпаѓа со неговото гледање на правото, Хан изрази сомнеж дека се уште се можни кредибилни избори во земјава и побара лидерите да се вратат на преговарачка маса.
European-Commission-flags_1
Денешната акција на претседателот Иванов не во согласност со моето разбирање на правната држава. Со оглед на овој развој, имам сериозни сомненија дали се се уште можни кредибилни избори. Политичките лидери мораат да знаат дека неодамнешните акции се сериозен ризик за евро-атлантската иднина на нивната земја. Демократијата значи компромис во служба на граѓаните. Ги повикувам сите политички партии да се вратат на преговарачката маса и да ја продолжат работата на реформите”, напиша Хан на Твитер.
Од САД амбасадата во Скопје само кусо изјавија дека бараат дополнителни појаснувања, но изјавата е загрижувачка.
Бараме повеќе детали и појаснување. Сепак, изјавата на претседателот покренува сериозна загриженост околу заложбата на Македонија за владеење на правото, соопштија од амбасадата на САД.
Британскиот амбасадор пак порача истрага за сомнежите од телефоските разговори.
Ако одлуката е да се аболираат политичарите се однесува на истрагите околу сомненијата содржани во прислушуваните разговори, тогаш тоа е предмет на сериозна загриженост. Целосната истрага на овие сомненија, и соодветен законски процес, се клучни елементи на договорот од Пржино. Како такви тие се централни на секое трајно решение на актуелната политичка криза, изјави Чарлс Гарет.
Европратеникот Ричард Ховит кој што беше дел од преговарачкиот тим кога се потпиша пржинскиот договор, во изјава за МЕТА порачува дека состојбата сериозно се следи.
Политичарите во Брисел итно ги проучуваат и се консултираат за последните случувања во Скопје и можам да предупредам на многу сериозни последици доколку некоја од партиите или поединец е одговорен за кршење на Договорот од Пржино.
Меѓународната заедница беше клучен фактор во потпишувањето на пржинскиот договор и гарантира дека по подолга криза земјата би се вратила во колосек