Ердоган во посета на Хрватска

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган ќе допатува денеска во дводневна посета на Хрватска, каде што ќе има средби со хрватскиот државен врв, а ќе се одржи економски форум на кој ќе учествуваат претседателите на двете држави и стотина стопанственици.

1030845828

На состанокот на лидерите на Хрватска и Турција ќе се разговара за билатерални прашања, за бегалската криза, борбата против тероризмот и економијата.
Хрватските медиуми наведоа дека Турција очекува од Хрватска силна поддршка за продолжување на преговорите за влез во ЕУ.
Се очекува дека на разговорите меѓу турските и хрватските политички претставници во Загреб ќе присуствуваат и членови на Претседателството на БиХ.
Посетата на Ердоган на Загреб, како што се оценува, има и поважна политичка димензија, пред се околу бегалската криза и борбата против тероризмот.