Домашен лек против реума

Сите оние кои имаат мака со болка во коските, ни малку не им годи зимата. Ниските температури влијаат на рецепторите за болка, па состојбата се влошува. Освен лекарската терапија, не е на одмет да го пробате и ова:

7d6cb557ab72ed4de0374ed5d7938900_articlemain

Направете чај од кора од бела врба. Ова е најдобриот старински рецепт. Потребно ви е 40 гр кора од бела врба, 15 гр коњска опашка, 15 гр кора од костен и 15 гр лушпа од орев. Со четири децилитри прелијте две лажици од билната смеса и варете 15 минути на тивок оган. Пијте од овој чај половина доза наутро и половина навечер. Болките значително ќе се намалат.