(ГАЛЕРИЈА) 10-ти масовен граѓански протест на Шарената Револуција во Кавадарци

Кавадарчани по 10-ти пат излегоа на протест како дел од Шарената Револуција. Тие ги потенцираат барањата и условите искажани во Скопје на 06 јуни, на движењето Протестирам. А тоа се изјаснување на Уставниот Суд за уставноста на СЈО и ослободување на сите учесници од Шарената Револуција против кои има кривични и прекршочни пријави.

Протест Кавадарци1 08 јуни 2016

„По 10-ти пат граѓаните на Кавадарци масовно излегоа на протест за да порачаат дека правдата ќе победи! Дека вистината, слободата и демократијата повторно ќе станат вредности во оваа земја!

Бараме произнесување на Уставниот Суд за уставноста на СЈО, како и ослободување на сите другарки и другарки против кои МВРО на Чавков и ДПМНЕ водат безмилосен и неправеден прогон. Рок до 18 јуни!

Понатаму, формирање на способна техничка влада, која ќе го подготви теренот за слободни и фер избори.

Бараме и оставка од лицето Ѓорге Иванов – Фикус, од функцијата претседател на Република Македонија.

И за крај, потенцираме дека е неопходно формирање на специјално одделение во Кривичниот Суд, кое ќе биде непристрасно и нема да подлегнува под влијанија на режимот, и кое ќе треба да ги процесуира обвиненијата од СЈО против криминалците од ДПМНЕ.

ЌЕ ИМА ПРАВДА, ЌЕ ИМА МИР!“ – стои во изјавата на движењето Кавадарци Протестира.

Протест Кавадарци3 08 јуни 2016

Протест Кавадарци4 08 јуни 2016

Протест Кавадарци2 08 јуни 2016

На протестот, најпрво пред полициската станица во Кавадарци се обрати активистот Виктор Велевски, кој порача дека прогоните на Чавков кон припадниците на Шарената Револуција, нема да ги заплашат граѓаните да излезат уште помасовно на протестите.

Пред општинската зграда се обрати и Тања Ковачев, член на Извршниот Одбор на Социјал-Демократскиот Сојуз на Македонија, која потенцираше дека е неопходна техничка влада која ќе ги имплементира реформските забелешки на Прибе, пред се во медиумите и во прочистување на Избирачкиот Список, како и фер и демократски избори со што ќе се стави крај на политичката криза.

Таа исто така истакна дека крајот на режимот е многу блиску и дека Груевски наскоро ќе биде само историја.