(ГАЛЕРИЈА) Раскошната претседателска палата на Ердоган

Отоманските султани може да му позавидуваат. Ваква палата немал ниту Суљеман Величествениот. Ви ја прикажуваме палатата на „новиот турски султан“ Ердоган Први, која официјално чинеше 615 000 000 € (615 милиони евра), а неофицијално 1,2 милијарди евра.

Претседателска палата Турција 2

Со вкупно 1.100 соби претседателската палата во Анкара е една од најголемите во светот. Со нејзиниот раскош внатре, каде има од спа центри до базени, до спортски терени, конференциски сали, и што уште не, многумина го поврзуваат лудилото на Ердоган и неговата ненаситна желба за моќ и грандиозност.

Мермерот, кој беше носен дури од Италија, достигнуваше цени од 3000 евра по метар квадратен. Цените на мебелот внатре достигнуваа вртоглави суми од кои ќе ве заболи главата. И тоа пари на турските граѓани. Вистината е дека никој од јавноста точно не ја знае вистинската цена на чинење на оваа палата.

Претседателска палата Турција 8

Претседателската палата во Анкара, не е ниту една зграда, туку се комплекс од објекти која се наоѓа во паркот на Ататурк, каде десетици години беше забрането да се гради. Ердоган секако го погази и тоа правило.

Многумина го критикуваа за расипништвото и огромната сума на пари фрлени во ваква раскошна палата.

„Само диктатори сакаат да живеат во вакви раскошни палати. Нормалните претседатели живеат во нормални објекти“ – изјави опозицискиот пратеник од Републиканската Народна Партија, Изет Цетин.

Претседателска палата Турција 1

После последните случувања во Турција, Ердоган веќе отворено ги најави своите мрачни планови, да ја врати смртната казна во Турција, да ја уништи секуларноста и да ја исчисти земјата од сите неистомисленици.

Претседателска палата Турција 9

Подоле ви претставуваме галерија од фотографии од палатата на „новиот султан“ на Турција, Ердоган Први, кој целосно го погази и уништи наследството и аманетот на Ататурк за модерна и секуларна Турција.

Претседателска палата Турција 5 Претседателска палата Турција 3 Претседателска палата Турција 10 Претседателска палата Турција 7 Претседателска палата Турција 6

Коментари

коментари