(ГАЛЕРИЈА) Преку 2000 граѓани на Кавадарци вчера масовно се кренаа против режимот

Вчера улиците на Кавадарци, како никогаш до сега, беа преплавени со народ, кој гласно извикуваше „Нема Правда! Нема Мир!“, „Мафија во робија“ и „Шутка не ти бега Никола“. Преку 2000 граѓани на Кавадарци масовно излегоа на протест против режимот, потенцирајќи ги барањата на Шарената Револуција.

Кавадарци протест (30 мај 2016) 2

„Најмасовно до сега, ние граѓаните на Кавадарци и околните населени места, излеговме на улиците низ Кавадарци да протестираме за СЛОБОДА, ЕДНАКВОСТ и ПРАВДА!

Јасно и гласно потенцираме дека се додека правдата не важи подеднакво за сите во оваа земја, нема да има мир! Се додека целосно не се укине срамната аболиција, и се додека криминалците од оваа власт не одговараат за своите злодела, остануваме на улица!

‪#‎ШаренатаРеволуција‬ нема да запре, се додека ова зло не го победиме! Се додека правдата и слободата не победат!

‪#‎ЌеПобедиме‬“ – изјавија од движењето Кавадарци Протестира.

Кавадарци протест (30 мај 2016) 9

Кавадарци протест (30 мај 2016) 1

Општинската зграда во Кавадарци повторно беше обоена, а низ плоштадот беа испишани графити против локалната власт и градоначалникот.

Говорници на денешниот протест беа Сашко Петров, Ленче Николовска и Пеце Мирчески.

Кавадарци протест (30 мај 2016) 4

Кавадарци протест (30 мај 2016) 3

Кавадарци протест (30 мај 2016) 6

Кавадарци протест (30 мај 2016) 5

Кавадарци протест (30 мај 2016) 7

Настап пред Кавадарчани имаше групата Белизе Бенд, која ги исполни популарните нумери: „Мајка на Николчо думаше“, „Земјо Жмровска“ и други.

Кавадарци протест (30 мај 2016) 8

На протестот еден од говорниците беше Пеце Мирчески, член на Извршниот Одбор на Социјал-Демократскиот Сојуз на Македонија, кој напомена дека оваа власт наскоро ќе си оди. Од неа ќе зависи дали ќе си оди на мирен начин и ќе дозволи слободни и фер избори, или ќе падне насилно. Мирчески рече дека втората варијанта не ја посакува, и дека се надева дека Груевски сепак ќе се вразуми и ќе ја напушти власта на мирен начин.