Второ полувреме од вечното дерби. Тиквешијата повторно на нозе!

Кавадарци и Неготино повторно пулсираат во исчекување на едно од најголемите дербија во македонската фудбалска историја. Овој пат, Кавадарчани ќе бараат одмазда на теренот на противникот за поразот есента на домашен терен.

Тиквеш - Вардар (слика 2)

Најверојатно не постои поривалско дерби во македонскиот фудбал, од дербито помеѓу Вардар од Неготино и Тиквеш од Кавадарци.

Фактите го покажуваат тоа. Верувале или не, претходниот натпревар во септември, помеѓу овие два клуба беше проследен во живо од четири илјадна публика, или околу 12% од жителите на Кавадарци, присуствувале на овој натпревар.

Не постои поголема љубов кон својот фудбалски тим од желбата да го бодриш и подржуваш, па макар играл и во третата македонска фудбалска лига.

Замислете, истиот ден кога се играше ова дерби лани, играа и Вардар (Скопје) и Работнички, во првата македонска лига, пред публика од само 500 луѓе.

Можеби нема да се согласите, но бројките сами кажуваат кое дерби е поривалско и повеќе популарно. Во Кавадарци и Неготино, овие денови кога се играат дербијата помеѓу овие два клуба, се безмалку како вистински празник.

Тиквеш - Вардар (слика 1)

Навивачите на двата клуба со големо нетрпение го очекуваат неделниот дуел. Средбата започнува во 15 часот и ќе се игра на стадионот во Неготино.

Најавено е и присуство на навивачката група Лозари од Кавадарци, кои имаат резервирано цели 6 автобуси.

Тиквеш - Вардар (слика 24) Тиквеш - Вардар (слика 23) Тиквеш - Вардар (слика 22) Тиквеш - Вардар (слика 4)

Натпреварот е прогласен за натпревар од висок ризик и ќе биде обезбедуван од бројна полиција. Сепак, да се надеваме дека инцидентите ќе изостанат и вистинската борба ќе биде онаа на теренот помеѓу фудбалерите.

Тиквеш-Вардар (слика 3)

Тиквеш - Вардар (слика 6)

Дека не очекува интересен натпревар говори и фактот што играат првиот на табелата (Вардар-Неготино) и третиот (Тиквеш-Кавадарци), во Третата Македонска Фудбалска Лига.