ВМРО- ДПМНЕ Кавaдарци контра сопствената одлука!

Пред само неколку денови на седницата на советот на општина Кавадарци, со гласовите на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ беше изгласано одлука за покачување на цената за собирање и транспорт на износ на смет од 1,1 денар по м2 на 2 денари.

Со гласањето за оваа одлука советничката група на ВМРО-ДПМНЕ речиси за двојно ја зголеми највисоката ставка во сметките за комунални услуги на граѓаните на општина Кавадарци.

Откако не успееа на мала врата да го протнат ова зголемување на штета на граѓаните на општина Кавадарци, денес советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци бара поништување на одлуката, за која истите тие само пред неколку денови гласаа за.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.