(ВИДЕО) Скопје на нозе! 50.000 граѓани излегоа на улиците! Со хермелини се блокирани сите институции!

За вечерва беа откажани сите автобуси што требаше од останатите градови да допатуваат во Скопје на протестот против режимот. Сепак Скопјани масовно како никогаш досега излегоа да го искажат својот револт против диктатурата на ВМРО-ДПМНЕ.

Пристапот до сите институции е блокиран од полициски хермелини и тешки оклопни возила. Добивме информации дека преку 5.000 полицајци од цела Македонија се распоредени низ Скопје.

protest 3 protest 1 protest 2

Никогаш немало волку полиција во Скопје. Никогаш вака институциите не биле опколени со хермелини и оклопни возила. Режимот знае дека му се бројат последните денови. Слободоумните граѓани масовно, веќе без страв излегоа на улиците и плоштадите во Скопје. На сите страни се пееше македонската химна! Ново сонце одново ќе се роди над Македонија!

Следните денови се очекува граѓани од сите други градови од Македонија да дојдат во Скопје. Се очекуваат преку 100.000 граѓани. 100.000 граѓани решени да си ја вратат слободата и правдата! Се ближат последните денови на режимот! Готово е Никола!