(ВИДЕО) Погледнете како Доналд Трамп го направија пепел на последната телевизиска дебата

Последната телевизиска дебата на Fox News која се одржуваше во Детроит помина во знакот на здружени напади на републиканските кандидати против Доналд Трамп, кој моментално е во водство кај Републиканците.

Тој беше нападнат за неговиот приватен универзитет, каде многу луѓе биле измамени и добивале лажни дипломи, но и за многу други работи поврзани со неговите бизниси. Најголеми напади имаше од сенаторот Рубио, а секако поблаг не беше ниту Тед Круз.

Крајниот удар го зададе водителката Меган Кели, која со факти директно ги поби тврдењата на Доналд Трамп во врска со универзитетот, и направи да изгледа како лажго.

Погледнете повеќе во видеото подолу.

Коментари

коментари