(ВИДЕО) Моќните политички реклами од пропагандната машинерија на Ердоган

Научниците кои се занимаваат со политиката, добро знаат дека ништо друго не може толку да го одвлече вниманието на еден гласач, колку поттикнувањето на силни емоции кај него.

Партијата на Реџеп Таип Ердоган, АКП, изминатиов месец потроши неколку милиони евра на такви скапи реклами со кои се обидуваше емотивно да ги придобие турските гласачи. Во тоа и успеа, освојувајќи победа и мнозинство на изборите во неделата.

Ви прикажуваме неколку политички рекламни спотови од таа кампања. Инаку првиот спот, Millet Eğilme, е копија од политичка реклама од изборите во Тунис од пред една година.

Во рекламите, се прави врска помеѓу традицијата, историјата, религијата и моменталната турска држава. Тоа е и една од приказните на Ердоган т.е. враќањето на сјајот на поранешната турска (отоманска) империја. Тоа најдобро е прикажано во следниот спот, каде е направен линк со една од најпознатите битки во Првата Светска Војна, битката кај Чанакале. На крајот секако се појавува Ердоган.

Во секој спот, во позадина се слуша длабок глас, кој зборува силни политички пораки, кои понекогаш иако не ги разбирате, прават да ви се наежи кожата. Тоа е моќта на пропагадната машинерија на политичките реклами на Ердоган, кои со недели се вртеа постојано на турските телевизии и кои емотивно се обидуваа да влијаат кај турскиот гласач.

Во политичка кампања, програмата и предложените мерки, секако имаат влијание врз изборот на гласачите, но многу помал отколку силните реклами кои имаат емотивно влијание.

Најголем процент од гласачите, за жал, одлуката за гласање ја носат како резултат на разни емотивни фактори, отколку како резултат на рационално согледување и анализа на состојбите.