(ВИДЕО) Мигрантите ја пробија оградата кај Гевгелија, македонската полиција ги растера со димни бомби

Денеска беше вжештено на македонско-грчката граница кај Идомени, кога стотици мигрантии се обидоа да ја срушат оградата и да влезат на македонска територија. Полицијата мораше да употреби солзавец и димни бомби за ги растера.

Според грчката телевизија Скај, сето започнало кога кај групата мигранти се прошириле гласини дека границата е отворена, па толпи народ, најпрво го пробиле полицискиот блок од грчка страна, ја окупирале железничката станица, а потоа удриле и по оградата.

Тензиите траеле околу половина час, а моментално состојбата е смирена. Границата е затворена.

Моментално во Грција има 20.000 бегалци, а се претпоставува дека во следниов месец тој број ќе биде од 50.000-70.000.