(ВИДЕО) Каква масовна прослава во Лестер, по голот на Азар

Во моментите кога Еден Азар го постигна својот гол, се случи вистинско славје во Лестер, сите пабови, сите локални ресторани беа полни со обоени фанови на Лестер.

Може да се види каква е хистеријата, односно големата радост кај навивачите на Лестер, кој испиша нова страница во Премиер лигата, во сезона во која го направи најголемиот успех во 132-годишната историја на клубот, предводен од Клаудио Раниери. Вечерва сигурно ќе биде интересно во Лестер.