Вашето здравје и тело заслужуваат внимание! Повелете во Extreme Gym Fitness – Кавадарци

* комерцијална промоција

„Фитнесот не е за тоа да имаш подобро тело од некој друг, туку да имаш подобро тело отколку што си имал порано.“

Вашето здравје и тело заслужуваат внимание. Во овие студени есенски и зимски денови, кога помалку се движиме и имаме помала физичка активност, теретаната е единствена можност да одвоиме време за нашето здравје и тело.

Научно е докажано дека вежбањето ослободува ендорфин, хормон на среќа, ве смирува и ви помага да ја исфрлите негативната енергија.

Сите познати и успешни личности изјавиле дека одвојуваат барем 1 час дневно (3-4 пати неделно) за вежбање во теретана.

Екстрим џим 2

Токму затоа ви ја препорачуваме Extreme Gym Fitness теретаната во Кавадарци.

Реновирана и со нов и освежен изглед, Extreme Gym Fitness ви нуди можност за фитнес, аеробик, бодибилдинг и кардио тренинг.

На простор од повеќе од 300 метри квадратни и со над 60 различни справи имате можност за рекреација во овие есенски и зимски денови кои следуваат.

Во теретана има посебен дел за жени и девојки, како и фитнес инструкторка која ќе ви помага при правилно изведување на вежбите, како и при создавање специјални програми за вежбање и за исхрана.

Екстрим џим 3

Фитнес клубот изминатиот период започна кампања за промовирање на здравиот начин на живот и исхрана. „Биди посилен од твоите најсилни изговори!“ – е мотото на кампањата.

Ако имате желба да создадете тело какво што од секогаш сте посакувале, ако сакате да го намалите вишокот килограми, или едноставно сакате да се релаксирате и да ја исфрлите негативната енергија од секојдневните обврски, Extreme Gym Fitness теретаната во Кавадарци е правото место за вас.

Теретаната се наоѓа веднаш до спортската сала „Партизан“ во Кавадарци.