Вака ќе изгледаат идните градови

Францускиот архитект Жак Ружер дизајнираше 914 метри долг град, во форма на лист, кој е способен да прими 7000 луѓе.

футуристички град

Дали некогаш сте се запрашале како ќе изгледаат градовите од иднината? Дали ќе бидат слични на денешните или комплетно ќе имаат друг изглед? Многу футуролози и архитекти се обидуваат да направат дизајн кој ќе биде најидеален за човековите потреби, но и кој најефикасно ќе се справува со повеќе проблеми со кои денеска се соочуваат градовите, како сообраќајот, сметот, безбедноста, греењето итн.

Еден од тие архитекти е и Жак Ружер, кој го дизајнираше овој град во форма на лист, кој е способен да вдоми 7000 луѓе. Градот е наречен Мериенс и е замислен за биде универзитетски град за научници, истражувачи и студенти.

Можеби иднината каде сите ќе живееме во вакви градби и не е така далеку. Откријте повеќе за овој неверојатен град во видеото.