Брендирање! Што значи тоа?

Можеби најосновната вештина на професионалните трговци и претприемачи е нивната способност за градење и менаџирање на брендови. Брендот е име, термин, знак, симбол или дизајн, или, пак, комбинација на наведените, кој го идентификува произведителот или продавачот на производот или услугата.

бренд 1

Потрошувачите гледаат на брендот како на важен дел од еден производ и брендирањето може да му додаде вредност на производот. На пример, повеќето потрошувачи, шишето парфем White Linen, би го перцепирале како висококвалитетен, скап производ. Но, истиот парфем во необележано шише најверојатно би бил виден како помалку квалитетен, дури и ако мирисот е идентичен.

Брендирањето стана толку силно, што денес скоро се е брендирано. Солта се пакува во брендирани кутии, обични навртки и завртки се пакуваат со етикета на дистрибутерот, деловите за автомобилот – свеќички, гуми, филтри – носат имиња на брендови различни од оние на производителите на автомобилите.

Дури овошјето, зеленчукот, млечните и живинарските производи се брендирани – портокали Sunkist, салати Dole Classic Iceberg, органско млеко Horizon и пилиња Perdue.

бренд 3

Брендирањето им помага на купувачите на повеќе начини. Имињата на брендовите им помагаат на потрошувачите да ги препознаат производите кои би им биле поволни.

Брендовите, исто така, кажуваат за квалитетот и постојаноста на производот – купувачите кои секогаш го купуваат истиот бренд знаат дека ќе ги добијат истите особини, поволности и квалитет секој пат кога ќе го купат.

бренд 2

Брендирањето, исто така, му дава неколку предности и на продавачот. Името на брендот станува основата на која може да се изгради цела приказна околу посебните квалитети на брендот. Името на брендот и заштитниот знак на продавачот овозможуваат правна заштита за уникатни особини на производот, кои инаку би можеле да бидат копирани од конкурентите.

Исто така, брендирањето му помага на продавачот да ги сегментира пазарите. Градењето и менаџирањето на брендовите се можеби најважните задачи на трговецот.

Принципи на маркетинг – Филип Котлер и Гери Армстронг