(АНКЕТА) СДСМ во водство пред ВМРО-ДПМНЕ, трета новоформираната Левица

На онлајн анкетата на нашиот портал која траеше од 24-ти до 29-ти февруари 2016 година, победи СДСМ, пред ВМРО-ДПМНЕ и новоформираната Левица. На анкетата имаше вкупно 10,157 гласа.

partii anketa

Социјал-Демократскиот Сојуз на Македонија, на нашата онлајн анкета, освои 4197 гласа и со 41% од вкупниот број на гласови на анкетата беше прв пред ВМРО-ДПМНЕ со освоени 3595 гласа или 35% од вкупниот број гласови.

Ваквиот резултат за многумина и не е големо изненадување, со оглед на настаните на политичката сцена кои сугерираат дека рејтингот на владеачката партија е во континуиран пад. СДСМ уште од самиот почеток на анкетата водеше убедливо, да подоцна разликата се стопи и дури и ВМРО-ДПМНЕ да премине во предност. Потоа повторно СДСМ поведе и резултатот во последните два дена само се зголемуваше во корист на СДСМ.

[visualizer id=”5559″]

Во графичкиот приказ погоре се иземени партиите со резултат под 1% за подобар визуелен приказ.

Инаку за многумина изненадување е солидниот резултат на новоформираната партија Левица, која освои 521 глас или 5% од вкупниот број гласови.

6% од одговорите на анкетата изјавиле дека нема да гласаат, а 4% дека уште не се определени.

Малиот број на гласови за албанските партии, најверојатно се должи на тоа што сепак нашиот портал не е толку посетуван од Албанци, а и поради тоа што можеби испуштивме да ставиме многу опозициски албански партии, како партијата на Зијадин Села, БЕСА и други, кои можеби ќе освоеја поголем број на гласови што сугерира и фактот дека 2% изјавиле дека ќе гласаат за некоја друга партија која ја нема на анкетата.

[visualizer id=”5562″]

Како што кажавме, софтверот не дозволуваше гласање повеќе од еднаш од една IP адреса и имаше двојна заштита преку зачувување колачиња (cookies) на browser-от на корисникот. Сепак, анкетата не се засноваше на научни и статистички закономерности поради фактот што примерокот не беше избран случајно (можеше да гласа кој сака) и не е репрезентативен на целата популација.