Албанскиот опозициски совет најави протести секој ден пред Владата

Денот Де – за правда, достоинство и демократија, под ова мото се одржа протестот организиран од Опозицискиот совет на Албанците, на кој присуствуваа неколку илјади демонстранти.

Пред Владата на присутните им се обрати Билал Касами од движењето Беса, како и Ким Мехмети член на Опозицискиот совет на Албанците.

13138728_10154935159444466_3677218903241433209_n

Дојдовме тука затоа што бараме правда и сме против монтирани процеси против Албанците, како што се Сопот, Монструм и Куманово. Невини луѓе лежат во затворите. – Не може Груевски да решава за кризата кога самиот тој е причината за оваа криза.  Ние ќе доаѓаме тука пред Владата секој ден се додека не ги извадиме овие криминалци од Владата и не ја смениме власта – изјави Билал Касами
Се обрати и Ким Мехмети кој во својот говор предизвика еуфорија прашувајќи ги насобраните дали има некој Албанец кој не се радува или пак е против протестот кој го организирале. Воедно тој побара и повеќе права за Албанците
Македонија ќе биде рамноправна држава кога ќе има премиер Албанец, Македонија ќе биде рамноправна кога ќе има претседател Албанец, или пак шеф на дипломатијата.- вели Ким Мехмети
Протестот организиран од Опозицискиот совет на Албанците започна од паркот во Чаир, а неколкуилјадната колона се движеше преку Бит Пазар па се до Владата. На самото пристигнување беше интонирана албанската химна, а како дел од иконографијата се вееја голем број албански знамиња и по некое на Европската унија и на САД. Беше забележана и карта на голема Албанија, а во текот на маршот се извикуваше УЧК, УЧК. На паролите кои ги носеа демонстрантите пишуваше – Против државниот терор, Дрно-црвена револуција, како и Правда, демократија и достоинство.